Закопуваш нешто
Што во суштина не е
Твоите прсти сомневања
Гласови
Замешани во бунарите
Какво одречување
И копнеење по одреченото
Аттма
Какво будење
Меѓу две
Пафтања на крилата
И Оној
Што мислеше
Дека си Ти
И сега со прстите
Плете сомневања
И со силата
Силата ја зема
Да те одрече сака
Арава
Со гласови замешани
Со копнеење зборови
По одреченото Вара
Кога се искрева
Птицата на твојата душа
Ти Варвара
Меѓу две
Пафтања на крилјата
Дива неспокојна
Врано птицо
Јас вра зрно во земјата
Да те видам тебе Аттма
Како ми се огледуваш
од збирката Мистик
издадена од ЗумПрес 1999