Патот на Атиџе – книга за Атиџе Муратова

„Патот на Атиџе“ е работниот наслов на биографијата на прекрасната Атиџе Муратова. Од октомври годинава, во Овчеполието започна уште еден значаен проект со цел претставување и прикажување на културното наследство на овој голем и плодороден регион. Општина Лозово и Продукцијата „Аристон“ од Свети Николе започнаа со подготвување на книга за животот на Овчеполската ѕвезда Атиџе Муратова.

Advertisements

Првиот ден започна со средба на градоначалникот на Општина Лозово, Ацо Велковски и Атиџе Муратова со Дуле Јанев и Никола Ристевски од Продукција „Аристон“. Заедно ги посетија Црквата „Света Петка“ во Лозово, турбето „Јусуф Деде“, стариот параклис и џамијата во Лозово, а до крајот на денот Атиџе имаше прилика да доживее туристичка прошетка и во соседната Општина Свети Николе. Книгата за животот на Атиџе Муратова ја пишува и уредува м-р Никола Ристевски, извршен директор во Продукција „Аристон“ и научен соработник при Институтот за Култура и Уметност на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“. Фото – репортажата при работата е во рацете на директорот на фотографија во Продукција „Аристон“, Дуле Јанев.

Општина Лозово е покровител на проектот, а по печатењето на книгата средствата од продажбите на истата ќе бидат собирани во посебен фонд на Атиџе Муратова.Покрај биографската работа, Ристевски и Јанев во соработка со Градоначалникот на Општина Лозово подготвуваат и уште неколку важни проекти за претставување и прикажување на убавините на Овче Поле.

Книгата е во процес на подготовка, а сите средства од продажбите ќе бидат наменети за Атиџе.

www.med.ovcepole.mk