Овче Поле има карактеристична микро клима со – долги сушни периоди, многу денови во годината се со ветар, некогаш и 8-9 месеци годишно. Релјефот е ридсконизински многу отворен терен со мали површини покриени со ниска шума. Ова создава услови за живот на многу видови грабливи птици. Некои присутни видови во овој регион спагаат во ретки и загрозени видови.
Во Светиниколско и пошироко во Овче Поле можат да се видат интересни видови птици на едно место како што е клисурата на реката Брегалница во близина на селата Црешка и Бекирлија. Тука можат истовремено да се видат суриот орел (Aquila Chrysaetos), белоглавиот мршојадец или картал (Gyps Fulivus) , белоноктата ветрушка (Falko Naumani) , кањата или мал еѓипетски мршојадец (Neophron percnopterus) , орел змијар (Circaetus Galicus) , рѓест гливчар (Buteo Rufinos) , гаќест сокол (Falko Biarmicus) , сивиот сокол (Falko Перегринус) , обичниот глувчар (Buteo Buteo) , обичната ветрушка (Falko Tinunculus). Во клисурата порано постоела голема колонија на Белоглавиот мршојадец. Сега таа колонија е уништена и сега орлита мршојадци ја користат како место за одмор и засолниште. Покрај сите овие птици претходно наброени кои исто така можат да се видат низ целото Овче Поле. Тука присутен и најважен за нас е орелот крсташ или царски орел (Aquica Helica).
Орелот крсташ спаѓа во загрозените видови во европски и светски рамки. Оваа импозантна птица има висина до 80см и распон на крилата околу 200см. Прави гнезда на високи дрва како брест, даб, црна топола а во последно време е почеста појавата да прават гнезда на големите електрични столбови. Годишно одгледуваат едно до две млади. Се хранат најчесто со глувци , змии , гуштери , ежови, желки и некои помали цицачи како што се зајакот , куната , невестулката итн. Орелот крсташ секогаш ги прави своите гнезда во близина на луѓето. Не може да се најде гнездо далеку од населено место. Уште од дамнешни времиња постоела поврзаност меѓу човекот и луѓето. Постоела поврзаност затоа што орелот се хранел со глувци , змии и умрени животни и ја чисти природата. Постои и верување меѓу постарите луѓе дека орелот го штити селото од градоносните облаци , кога ке наишле облаците тој ке влетал во нив правел кругови и со тоа го одвлекувал од населеното место и го спасувал од град. Ова верување секаде постои каде го има крсташот дури и во другите земји го има истото верување како што се Србија и Бугарија. Заради ова човекот го поштувал и штител орелот. Орелот го чуствувал и затоа правел гнезда во човекова близина. Сега со новите генерации и модерното време таа поврзаност е прекината и постои опасност од негово исчезнување. Она што е најинтересно што може да се каже е поврзано со Св.Николе и Овче Поле до пред 2 години до 2003 имаше 13-16 активни двојки и голема концентрација на млади птици видени се истовремено 26 млади крсташи кај селото Ерџелија. Овие бројки покажуваат дека Овче Поле е единственото место во Европа со толкав број на овој вид орел на толку мал простор. Практично беа зафатени сите добри места за гнездење бидејки тие си завземаат своја територија и ја брана од другите орли во просек една двојка има околу 20км2 некогаш и повеќе во зависнист од условите за преживување.
За жал ова вакво единствено место во Европа е загрозено од несовесно работење на земјоделската фирма во селото Ерџелија. Тие поради големото користење на пестициди и намерното фрлање на затруено жито со цел да ги трујат гулабите кои го јадат семето на соја фрлено во пролет предизвикаа драстично намалување на овој редок вид орел. Затруените изумрени гулаби завршуваат како храна на орлите и со тоа отровот доаѓа во нивниот организам и тие умираат. Од 2003 до 2005 популацијата на активни двојки е намалена за половина.
Во обидот да се спасат грабливите птици во овој крај и Македонија многу напори вложува невладината организација Фонд за дивата флора и фауна со своите пријатели од сличните меѓународни организации. Друштвото е основано во Кавадарци и претседател е Томе Лисичанец, поранешен професор во средното шумарско училиште во Кавадарци. Човек што цел живот го има посветено на заштита на природата. Досега друштвото има работено на неколку проекти за заштита на грабливите птици. Најинтересен и многу важен проект што уште трае е проектотза заштита и повраток на мршојадците на Балканот. Друшството како дел од тој проект учествува со екипи на терен во набљудување и прихранување. Друштвото одржува хранилиште во Кавадарци и Св.Николе. Еднаш неделно до два пати се носи кланичен отпадок или умрени животни на одредено место. Целта на хранилиштата е да се обезбеди сигурна и редовна храна за орлите и мршојадците. Хранилиштето во Св.Николе има добра посетеност тоа ке овозможи да се одржи и зголеми бројот на грабливите птици. Овој проект се изведува со помош од европската унија и фондацијата за заштита на црниот мршојадец (BVCF-blak vulture conservation foundatoin), и франкфуртското зоолошко друштво-помош за загрозениот свет (Frahkfurt zoological society – help for threatened wildlife). Свети Николе и Овче Поле како регион успеале да ги надминат проблемите со кои предизвикува намалување на животинскиот свет може да стане уникатно место во Европа и да стане важна точка во еколошкиот туризам и место со разновидна орнитофауна кое би го посетувале луѓе од цела Европа и да биде препознатливо место по својата гордост орелот крсташ.
Марјан Манаилов
превземено од електронски весник “ВАВИЛОН”
издава Организација на жени при Општина Свети Николе