Македонија

Создавање чиста раса

Психолозите на дваесеттиот век не еднаш ја нагласуваат врската на нацизмот со мистиката на смртта. Самиот Хитлер бил познат со својата манија да гледа мртви тела и, според зборовите на неговите најблиски соборци, набљудувањето труп што почнува да се распаѓа кај фирерот можело да предизвика екстаза.

Според духот, таквиот тотален биологизам му е близок на нацизмот бидејќи го лишува човекот од слободата на избор во полза на идејата за здрава и силна нација. Христијанството со својот стремеж да ги заштити слабите и несреќните, како и западната медицина која се заснова врз сочувството со болниот, се разбира, им се спротивни на тие намери.
Тие идеи наоѓаат израз во концепцијата „Халгед“, а Барон Зеботендорф е еден од нејзините творци. Во неа се зборува за ослободување на ариевската раса од оковите на мешањето на крвта, што се смета за апсолутно зло. Мислата за нарушување на нордиската чистота и на исконскиот поредок се поврзува со крајот на светот, кој ќе настапи во секој момент, ако навреме не се преземат мерки.
Како практични дејствија, теоријата повикува кон ограничување на неаријците, особено на Евреите, и тоа во сите сфери на општествениот живот. Токму тоа е направено кога, во 1934 година е изгласан Законот за одржување на расната чистота.
Како мерка за обнова на чистотата на крвта е решено да се создадат евгенични манастири, кои, подоцна, стануваат дел од програмата на СС, Лебенсборн, насочена кон сестрана грижа за здравјето на нацијата. Во тие манастири жените кои биле најсоодветни за улогата на мајки, биле оплодувани од ариевските мажи. На крајот шефот на СС, рајхсфирерот Хитлер, за членовите на својата организација ќе ја воведе полигамијата, со истата цел.
Во согласност со концепцијата за митското усовршување, подобрувањето на надворешните карактеристики на Аријците ја гарантира обновата на возвишениот дух на расата. Притоа, под зборот возвишен се подразбира откажување од страсти што можат да го заматат разумот, како и од непотребна емотивност. Сето тоа помага од војниците на рајхот да бидат создадени идеални машини-убијци што не познаваат чувства какви што се жал или сочуство.
Да разгледаме и еден друг симбол што го кодира сознанието на луѓето во нацистичка Германија – почвата. Познато е дека, од гледна точка на теоријата за елементите, земјата е една од најважните, т.е. таа е основната супстанција која учествува во изградбата на светот. Освен неа, постојат и други елементи. Во најраспространетата општа теорија на алхемијата, за такви елементи се сметаат огнот, воздухот и водата.
Земјата е најстабилниот и најтешкиот елемент, затоа ја обезбедува центрираноста на космосот и одговара за редот. Освен тоа, таа се смета за основно начело од кое произлегуваат сите други. Сите тие смисли скриено присуствуваат во лозунгот на новата нацистичка религија и ја определуваат нејзината содржина.
Почвата, како и крвта, го определуваат потеклото на човекот. А на тој факт му се дава огромно значење во Третиот рајх. Хитлер дури предлага луѓето во СС да ги подели на такви што можат да го докажат своето ариевско потекло од 1650 година натаму, и на такви што имаат некаков процент туѓи примеси, како што вели тој – преголем процент.
Според Гвидо фон Лист, виден претставник на окултната мисла во Германија, во раниот среден век веќе постои колектив од хералдисти чија цел е да ја зачуваат тајната нордиска традиција во форма на знаци за територијалната припадност на родот. Таа практика се појавува уште во претхристијанската епоха и ја поддржува езотеричната традиција која успева да се провлече под моќната наметка на католичките догми.
Гвидо фон Лист бара, пред сé, присуство на ариевски знаци, такви какви што се свастиката или трикселионот – разновидност на свастиката која има не четири, туку три рамена. Тој наоѓа околу петстотини грба кои им припаѓале на аристократски семејства во Германија и во Австрија. На тој начин, врската со земјата е докажана.
Но Лист не застанува тука и почнува да ги толкува боите и знаците како загадочни пораки и одгласи од древната мудрост, кои тие фамилии биле повикани да ги чуваат. Еден од грбовите, на пример, тој го дешифрирал вака: „Копнеам да ги видам спасението на архиевскиот народ, мудроста и законот, зашто небесните заповеди доаѓаат од мракот, а божествениот благослов – од светлината“. Како успеал да направи толку прецизно толкување, не е јасно и денес, можно е да прибегнал кон помошта на руините и на астролошката симболика на боите.
Но хералдичкиот принцип не е насочен само кон аристократијата. За повеќето луѓе тој значи барање на смислата на нивното сопствено постоење во длабочините на традициите и го воскреснува образецот на рицарското минато. Во контраст со тогашната нацистичка Германија, особено во периодот на формирањето на рајхот, враќањето кон корените се претвора во девиза на нивниот живот и, заедно со тоа, ги зацврстува позициите на окултизмот во очите на општеството.
Другото значење во симболиката на елементот земја произлегува од тоа дека таа, како најтежок елемент, ги поврзува и ги крие сите останати. Тоа секогаш ги правело длабочините на земјата засолниште за мртвите и за разни материи поврзани со мрачниот природен принцип. Во таков случај насочувањето кон земјата може да се разбира како стремеж за кревање на мртвите во култ.
Психолозите на дваесеттиот век не еднаш ја нагласуваат врската на нацизмот со мистиката на смртта. Самиот Хитлер бил познат со својата манија да гледа мртви тела и, според зборовите на неговите најблиски соборци, набљудувањето на труп што почнува да се распаѓа, кај фирерот можело да предизвика екстаза.
Проширувана во рамките на цел еден народ, оваа црта добива заканувачки карактер. Желбата насекаде да се сее смрт станува сериозно психолошко оружје применувано од Третиот рајх во однос на неговите сопствени војници.
Истражувањата во областа на геополитиката, започнати најпрво во Карл Хаусхофер, член на друштвото „Туле“, се продолжени од неговиот следбеник Херман Даре. Тој е познат во СС како еден од неофицијалните автори на концентрацијата „крв и земја“. Според него, државите се формираат или врз крвен принцип, т.е. од гледна точка на националноста, или врз земјен принцип, т.е. од гледна точка на територијата.
Во првиот случај доминира мислата за исклучителноста на нацијата, која сите околни народи ги претвора во непријатели, а во вториот случај, сите народи се обединуваат за да ја заштитат заедничката земја.
Сите големи империи на прво место го поставуваат вториот принцип, само Третиот рајх водечка улога и дава на крвта, обидувајќи се да создаде империја од една нација. Сметката е направена врз основа на исклучителноста на архиевската раса, на особената мистична сила на нејзината крв. Тоа доведува до грешка во основата на општествениот развој на Германија, грешка што ја чини земјата милиони човечки животи.

 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *