изборПревземено

NY Times 1902: „Грците ги предадоа Македонците“

Темата која е актуелна и денес за македонско-грчките односи, била една од носечките во изданието на угледниот весник пред 100 и кусур години. Њујорк тајмс во тоа издание пишува за тоа како Грците ги накодошиле Македонците кај турските власти една година пред Илинденското востание.
-Текстот со наслов “Грците ги предадоа Македонците” објавен во “Њујорк тајмс” пред повеќе од сто години е најинтересниот дел од неколку архивски материјали кои се однесуваат на Македонија, а што режисерот Милчо Манчевски реши да ги подари како факсимили на Архивот на Македонија и на Музеите на Македонија. Ова се материјали кои Манчевски и неговиот тим соработници ги откриле додека истражувале по светските архиви за потребите на неговиот филм “Прашина” (кој се однесува на периодот околу Илинденското востание) и за потребите на неговиот иден проект, се уште без наслов, објави Македонска нација.
Новинарските извештаи за Македонија во Њујорк тајмс се објавени пред Илинденското востание и за време на истото, во периодот од 1901 до 1903 година.
Статијата е објавена на 31. март 1902.
-Новинарот на “Њујорк тајмс” во овој текст објаснува дека откако грчките власти дознале дека во Македонија се подготвува востание, тие ги накодошиле Македонците кај султанот. Фактот дека само осумдесетина години пред тоа и самите се бореле за слобода против таа иста Отоманска империја воопшто не ги спречил Грците да работат против македонската борба за слобода, а со цел во иднина да го шират своето влијание во Македонија и по можност да ја освојат, јавува Македонска нација. Во текстот се наведува дека состојбата во Македонија нема да се подобри бидејќи се “потребни реформи, но тие нема да се случат поради разединетоста на европските сили”. Текстот објавен пред 100 години, ќе поминеше незабележано, да не се соочувавме со истата таа состојба и денес. Цели 106 години по неговата објава, на 3 април годинава, по грчкото вето за покана на Македонија за НАТО, Њујорк тајмс објави  текст “Срамота за Грција, се закача со Македонија”.

 
 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *