Лоза

Петок 13ти, рибите, фалусот…

Во 12тата година од 21от милениум петок 13ти е три пати. Годинава почна со петок 13ти во јануари, Велики Петок е 13ти во месецов и во јули има уште еден. Меѓу секој од овие петоци има по 13 седмици. Веќе досадниот календар на Маите престанува на 13от бактун, кој што наводно го пресметале дека завршува годинава. За да не дојде наредната, 13та по ред?

А, додека цело Скопје ја чека 2014та, може да се потсети на еден стар Египетски мит за кој што ни раскажал Плутарх. Таму, лунарниот бог на подземјето и на вегетацијата – Озирис, бил убиен од брат му Сет, кој што по ова му го распарчил телото на 13 дела. Изис – жената на Озирис, во очај направила гроб според неговите идеални димензии, но сепак сакала да го склопи телото и заедно со сестра му на Сет и Анубис барале низ цел Египет. Потрагата била успешна и ги собрале парчињата, но сепак нешто недостасувало. Го немало фалусот –  веќе послужил како храна на некои две риби.
Сепак, Изис направила копија на делот кој што недостасувал. Ден денес во Египет има празници посветени на копијата, а низ целиот свет споменици.  На небото го имаме соѕвездието Орион, кое што според древните текстови најдени во пирамидите се смета за вечното ловиште на Озирис.

Хиероглифите за Озирис и Изис

 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.