Лоза

Македонецот што го излечи Кастро од рак

Човекот е дел од природата и се што му треба за здрав и долг живот, црпи од неа. Токму во природата м-р Иван Ѓорѓиев ја пронајде совршената формула со која се победува најопасната и најраширената болест на денешницата, ракот. Можеби оваа приказна ќе ви личи на бајка, но сведоштвата на излечените покажуваат дека е реалност. По неколку децении истражувања и усовршување, лекот варумин на м-р Ѓорѓиев е патентиран и добива сертификат од Светската здравствена организација.
-Варуминот е направен по мое. Тоа е лек на 21 век, кој има повеќе добри својства, но најдобро се покажа кај малигните заболувања. Најновите клинички испитувања покажаа дека има околу 90% излечивост, без разлика на локацијата на канцерот. Штом пациентот ќе почне да го употребува лекот, уште во првите 15 минути се познаваат ефектите. Ги снемува подочниците, окото станува бистро, за половина час почнува да зборува, почнува да мрда, за еден час почнува да бара храна. Пациентите добиваат енергија. Сме имале случаи на пациенти што не можеле да станат од кревет, па сме ги кренале за неколку часа.
Врз база на што е варуминот? Како функционира?
-Тоа е 100% билен производ, составен од повеќе билки, од екстрахирани алкалоиди кои се потребни за лечење на таа болест. Знаете, хемотерапијата и зрачната терапија само го забавуваат процесот. Така болните добиваат на време. Ние со варуминот, за многу кратко време го оспособуваме организмот, го зајакнуваме имуниот систем, да почне да јаде, самиот да си даде сила, да си зацрта во главата дека мора да остане жив, дека мора да се излечи. Се тоа доаѓа од самото растение. Ние ова го работиме 35 години и до сега немаме ниту една нус појава кај ниту еден од пациентите што го употребувале.
Медицината некогаш не може да го најде жариштето, а со нашиот лек веднаш се лоцира. Жариштето или клетките кои се склони кон жариште почнуваат да боцкаат како со игла само два часа по примањето на лекот. Жариштето секундарно се калцифицира. Кога ќе се калцифицира, се додека не се регенерира тоа место, тоа жариште, лекот не го пушта. Кога ќе се среди жариштето, калцификатот го снемува.
Ова звучи многу едноставно, како канцерот да е многу лесно излечив. Зошто тоа не е прифатено во пошироки рамки?
-Јас тоа не можам самиот да го одговорам. Јас можам само да кажам дека за толку години, од толку доктори на науки, академици, професори, како ниту еден да не може да ги добие потребните хемиски супстанции, кога нив ги има во природата. Од билната основа да направеа нешто. До сега тоа го нема ниту еден. И тие што имаат најдено нешто, што дошле до некој дел, го кријат и потоа го уновчуваат во некоја компанија. Тука е проблемот. Мислам дека фармацевтските компании нема да исфрлат лек во следните 50 години.
Дали има влијание во која фаза од болеста се дава терапијата, во кој стадиум започнува лекувањето?
-Немаме пациенти во рани фази на болеста, затоа што додека траат снимања, крвни слики, испитувања и додека да поминат сите церемонии, поминува време. Кај нас доаѓаат веќе во четврти стадиум, петти, па дури и отпишани. Таму ние имаме 90% успех. Сите случаи ни се документирани. Имавме едно дете од детска онкологија, се нафатив да го лечам. Детето шест години беше на вештачка храна, на цевчиња и под седативи, а ние за четири дена го кренавме на нозе, почна да јаде, да зборува, без болки и го пуштија дома. Детето имаше 13 години, а 12 кила. Многу такви случаи имам. Сум имал отпишани случаи што буквално сум ги кренал од смртна постела.
Колкава е старосната граница кај овие заболувања? Кои видови се најчести?
-Повеќе доаѓаат млади. Најчести видови се карцином на бели дробови, во глава и на црн дроб. Црниот дроб најтешко се лечи, затоа што е филтер за токсините и ако може на друго место лекот да навлезе 80% – 90%, овде ќе навлезе 30%, но изводливо е. И јас самиот се имам излечено. Еве, на три места имав жаришта, а не сум опериран. Ова беше во 1999 година. Да е некој друг ќе умреше од страв. Јас си знаев што имав. За месец, месец ипол немав ништо.
 
Колку чини месечна терапија?
-Една паковка Варумин во која има Варумин 1 и Варимин 2 чини 55 евра. Но не ни е за парите. Ние аплициравме и за да влеземе на позитивна листа, за да бидеме подостапни за обичните граѓани. Но уште немаме одговор на барањата.
Некои научници сметаат дека канцерот се појавува поради неправилна исхрана и дека всушност е пореметување на метаболизмот.
-Не. Тие можат да кажат се. Ако велат дека е така, треба да направат студија и да не уверат дека тоа е тоа. Делбата на клетката што е склона да се разболи од малигнитет нема правилна форма. Болните клетки немаат правилна форма како обичните, туку се зашилени. Во средината на клетката има јадро, цитоплазма и Голџиев апарат кој создава клеточен сок. Болната клетка е деформирана, од една страна е нормална, од друга е како шилец. При делбата здравиот дел се двои од зашилениот и се создаваат една здрава и една мртва клетка. Мртвите клетки се отфрлаат, се трупаат на една страна и чекаат подобри времиња, да се опорави имуниот систем, но тоа не се случува. Затоа пациентите од канцер преку искашлување исфрлаат црнила, што се всушност мртви клетки. Варуминот влегува во клетката, и дава енергија и храна на клетката, почнува да работи Голџиевиот апарат, јадрото станува поактивно и клетката се исполнува цела, па по автоматизам на генот и на ДНК, клетката, јадрото и цитоплазмата се делат пола – пола. Затоа варуминот нема токсичност, нема зависност, нема лоши контраиндикации.
Се пишуваше дека во Албанија го лечат ракот со отров од шкорпија.
-Сега ќе ви кажам. Лекот се вика “шкорпион”, а инаку е од Куба. Таму бев два пати, бев специјално да видам што е тоа. Од отров не се прави лек. Од отров можеш само да се отруеш. Лекот се прави од билки кои се секојдневни и на кои само треба да им се најде технологија, како заеднички да го решат проблемот со болеста. Организмот мора да функционира како што треба. Кај канцерот не треба да има нервоза, не треба да има стресови, затоа што доколку ги има, ако делбата на клетката е 1:100, во такви случаи ќе дојде 1:10.000 или 1:100.000. Како се развиваат новите клетки, со таа брзина се делат и заболените клетки. И тогаш канцерот расте.
Ја споменавте Куба. Се зборува дека го лечевте поранешниот претседател Фидел Кастро?
-Бевме на Куба, а од овде ни кажуваа дека на телевизија кажувале Кастро умрел, па го заледиле, ќе се трансформирала власта, војската… Нема врска! Јас знаете зошто одам таму, не одам за друго. Кастро е сега 100% здрав. И кај поранешниот хрватски претседател Фрањо Туѓман бев. Додека сите пишуваа дека Туѓман е болен, Јутарњи лист објави сторија како играме тенис на Бриони. Туѓман од нас опстана два мандата и на крајот почина од друго, од канцер беше чист. Ја лекував и Мира Марковиќ, сопругата на Слободан Милошевиќ. Бев и кај градоначалничката на Сараево пред околу 20 и нешто години, и сега и жива здрава и убава, ха ха ха. Хосни Мубарак беше готов, го чекаа да умре, а сега му судат како на здрав и прав. Сум лечел многу и наши и светски политичари и јавни личности.
Во врска со обвинувањата на венецуелскиот претседател Уго Чавез дека Американците развиле тајно оружје со кое ги заболуваат латино-американските лидери. Рак има дијагностицирано на Кристина Фернандез, претседателка на Аргентина, потоа на претседателите на Парагвај и Бразил. Дали има некаква можност да е точно тоа?
-Тоа единствено може ако е со ласерско зрачење. Но во денешно време не постои невидлив ласер. Јас мислам дека не беа подготвени како претседатели да се справат со водењето на земјите, па затоа кажуваа такви работи.

Извор: БезПардон.мк
Освен лек за рак, имате заштитено уште лекови врз база на билки.
-Велат лек за мултиплекс склероза не постои. Ние го имаме. Нема лек за леукемија. Ние го имаме. Лечиме од ХПВ вирус, од парадентоза. Сите мои 12 лекови се прогласени за лекови и кај нас и во други држави, меѓународно се заштитени, имаме сертикикати, документација од 2.000 страни само за варуминот. Се е испитано, се е докажано.
Се се прави во фабриката Интер-Еврогенекс во Ново Село, Струмица. Се е ново, нови најсовремени машини. По сите светски стандарди. Се е наше. И рецептура и технологија. Јас прво бев на атомистика и нуклеарна физика на Винча, но се префрлив на агрономија, за да ги научам сите билки и на тој начин да ми биде полесно. Сега имаме 3-4 лекови готови со документација, чекаат испитување кога ќе имам доволно финансии. Кај нас се е на природна база. Имаме лек и за ишијас, не како онаа маст од тигар. Кој фатил тигар? Лажат! Заштитени се со закон. Или сега што гледам капсули од црн дроб на ајкула. Ајкули од Северно море? Во Северно море нема ајкули, нив ги има во Индонезија, Малезија, Сејшели, што ќе прават во таа ладна вода? Или од каде толку многу црн дроб за толкаво производство?
Нашиот лек “варумин” е испитуван во Македонија, во МАНУ, во Бугарија, Германија, Шведска, Франција, Америка, Малезија, каде има многу јак центар за испитување и секаде е докажано дека е број еден. Продаваме во Бугарија, Либан, Азербејџан, Грузија, целиот Балкан, Холандија, Канада, Америка. Но проблемот е друго. Кога немаш кој да те поттурне и да ти даде правец.
Зошто немате поддршка? Не се наоѓате политички?
-Немам ништо со политиката, за тоа не ни размислувам. Се што е добро, секој го сака, не ми треба политика.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *