избор

Егзорцизам врз Мајка Тереза?

Мајка Тереза од Скопје, добитничката на Нобелова Награда за Мир во 1979та година водела живот за пример на останатите, како калуѓерка посветена на лекување на болните во Индија. Толку за пример, што набрзо по нејзината смрт на 5ти септември 1997, папата Јован Павле Втори го заобиколи петгодишниот период за чекање и го започна процесот за нејзино воспоставување како светица.  На 5ти септември 2001, АрхБишопот на Калкута Henry D’Souza откри дека врз Мајка Тереза бил извршен егзорцизам, во времето додека била хоспитализирана во 1997. Затоа што Римската католичка црква вршела егзорцизми само кога верувала дека некој е опседнат од ѓаволот, светот беше шокиран од ваквиот податок.

Според D’Souza, кратко пред нејзината смрт на 87 годишна возраст, Мајка Тереза била примена во болница поради проблеми со срцето. Тој бил пациент во истата болница во истото време, и дознал дека калуѓерката имала тешкотии при спиењето. Кога било одредено дека немало никаква медицинска причина за таквите проблеми, се сетил дека можеби некој зол дух се обидува  да ја вознемирува за време на ноќта.
Со нејзина согласност, организирал свештеник кој што требало да изврши егзорцизам. Мајка Тереза го придружила свештеникот во молитва за заштита и спиела мирно откако ритуалот бил извршен. Не сакајќи да ја испогани светоста на Мајка Тереза, наскоро откако го изнесе овој податок, D’Souza инсистирал дека таа не била опседната од сатаната, и бил цврст во обраќањата дека во никаков случај егзорцизмот не требало да влијае врз нејзината кандидатура за светица.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *