Минатиот петок, на 25 јануари во Градската библиотека „Гоце Делчев“ во Свети Николе се одржа настан на кој беше претставена книгата „Свети Николе – главната населба во Овчеполската Котлина“. Со ова случување започна одбележувањето на 50-тата годишнина од работата на општинската установа Дом на култура „Крсте Мисирков“ во Свети Николе.