Македонија

Вода, камења и дрвја

Водата со своите сакрални очистувачки и здравствени својства се издигнала во култ кој трае сè до денешен ден, познат под терминот свети води или лековити води. Археолошките ископувања откриле мноштво траги кои укажуваат на фрлање пр

едмети во вид на жртва во водата. Практика која се изведува и во наше време.
Сакралните камења биле предмет на култ, негов составен елемент како симбол на натприродната моќ. Каменот служел како жртвен олтар. Каменот, исто така, поседува лековити својства, а посебно ја има моќта да влијае врз плодноста на жената, како и врз времето, посебно да предизвика дожд. Во нашата земја се познати таканаречените камени баби за кои зборуваат пишаните извори и народните сеќавања.
Меѓу дрвјата биле познати повеќе свети дрвја – даб, липа, јавор итн. Тие биле и се многу почитувани кај народот поради своите лековити својства кои и до денешен ден не го загубиле своето значење. Симболот на култот кој се изведува под дрвјата не треба да се бара во избраниот вид на дрво и во неговата анимизација, туку во сакралната сила која се крие во него. Полната сакрална вредност на дрвото доаѓала до израз преку оградување околу него – обележување на светиот простор. Тој е препознатлив низ верувањата за светите шумички, односно светите гајеви.

 
 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *