Лоза

"ѓаволски" Ѕид?

15 км. јужно од Свети Николе покрај самиот десен брег на Брегалница на падините  на планината Богословец се простира македонскиот кинески ѕид познат под името „Ѓаволски ѕид“. Неговата 500м. должина, 12м. височина и 2м.  ширина ја доловува неговата грандиозност, велелепност и мистериозност. Во недостаток на научни сознанија постојат повеќе толкувања за настанокот на овој ѕид. Една од нив е дека оваа камена градба настанала по пат на ерозија. Меѓутоа кај месното население е далеку поприсутно преданието дека овој ѕид е дело на ѓаволот.

Легендата вели дека ѓаволот за една ноќ се обидел да ја прегради реката Брегалница и да го поплави Овче Поле. Но во тоа не успеал бидејќи го попречил Бог.
Постои и едно трето верување дека оваа градба е дело на вонземјани. Овој ѕид го посетил познат американски археолог Питер Маршал Бегс од Калифорнија. Подоцна откако заминал во Америка тој напишал  дека ѓаволскиот ѕид е дело на вонземни сили.

Овој раритет единствен на нашите простори заслужува поголема грижа од државата која не треба да дозволи македонскиот Кинески ѕид да биде поткопан.

извор

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *