Лоза

La Colonie Volvox

Со нивните досегашни изданија, сите во новиот милениум, успеаjа да ни донесат дамнешни и заборавени корења и основи на светската музика, како традиционална така и современа. Abstractology, Wasteland, East West and Rest и Europa се четири албуми кои што содржат многу приказни.
Секој култен за себе, уметнички до лудило за некои, нови и проширени хоризонти за друг, допираат до увото на нов начин, на каков што не сме навикнале или пак сме заборавиле. Групацијата на овие уметници создала дела како македонска ре-евалуација на генеологијата на светската цивилизација. Звук за реминисценција од преисториските џагорења, преку традиционалните музички основи на повеќе народи, па се до основите на современата европската култура, преку циничен, ладен и дистанциран поглед од некоја си сосема друга точка на изведба.
Колонијата, оркестарот кој како да доаѓа од сосема различни рамки на димензиите време/простор, на
својата веб страна вели дека La Colonie Volvox е сиестично групирање на креативни и иновативни индивидуалци чија што лична и професионална комуникација е основана на принципите на Волвокс      микроорганизмите, што всушност е колонија на одделни индивидуални клетки кои што бираат да живеат заедно, и да работат кон заедничка цел. За себе ќе кажат, дека не се бенд, кога би биле тоа, веднаш би се распаднале. Станува збор за колонија, која функционира одлично. Брилијантни мајстори на својот занает,
прекрасни души кои со тотален ентузијазам влегуваат во проектот, луѓе со многу широки интереси, некои од нив се академски музичари, некои се вљубеници во музиката, во филозофијата итн.
Со нивните настапи низ Европа ја претставуваат нашата музика на потполно ново ниво, а unplugged снимката во Македонската Радио Телевизија заедно со гостинот од соседството, виртуозот Теодосиј Спасов ни овозможи да видеме и слушнеме нешто што досега не допрело до нас, а сепак потсеќа. Нè наврати на свест
и чувство за нешто што сите заедно нè држи, невидливо а присутно – исто како љубовта – потполно лажна, медот го цеди а восокот го остава башка, ако е лесно да се пее за неа тоа е како пресечена опашка
Трубадури од Македонија, сечии и ничии истовремено.
 






извор: ГЛАС

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *