Македонија

Кој има право на името Македонија?

Врз база на необјавени документи од политичкиот архив на Министерството за надворешни работи на Република Германија за темата „Балкански сојуз“, авторот Ханс-Лотар Штепан го докажува постоењето на засебен македонски народ, не на еден бугарско-македонски, не на грчко-македонски, не на српско-македонски народ и не на албанско-македонски, туку на засебен македонски народ, пишува во предговорот на книгата „Македонскиот јазол“. Автор на ова значајно дело е првиот германски амбасадор во Македонија, а ја објави скопското книгоиздателство „Аз-буки“.
Античките Македонци се сметаат за еден од најстарите народи во Југоисточна Европа. Старите Грци ги сметаа за варвари бидејќи не говореа грчки, и дури подоцна им дозволија учество на Олимписките игри – според проф. Розен, првпат зедоа учество во 476 год. пред Христа. Од стапувањето на власт на Филип Втори во 359 год. пр. н. е. Грција се повеќе стануваше зависна од Македонија. По катастрофалниот пораз кој кралот Филип им го нанесе на Грците во 338 год. кај Каиринеа, тој ја воспостави „Македонската хегемонија“ во Коринтскиот сојуз. По уништувањето на Теба од страна на Александар на почетокот од неговиот поход кон Персија, македонските кралеви се посилно влијаеја врз судбината на Грција. (За да се согледа високиот углед кој го уживал овој стратег, доволно е да се присетиме какво мислење за него имале неговите противници, на пример Персијците: Тие на Александар му го дадоа прекарот „Велики“) . Грчкиот обид за ослободување по смртта на Александар во 323 год. пр. не. е. беше задушен во Ламиската војна (323-322) : македонските трупи ја зазедоа Атина. Вистинското ослободување им појде од рака дури по 100 години (225) , но беше со кус век, бидејќи кралот Антигонос ИИ Гонатас во 224 год. пр. не. е. повторно воспостави елинистички сојуз под македонска хегемонија.
Несомнено е дека Македонија потпадна под влијанието на елинизмот – секако во поголема мера поради македонската хегемонија над Грција – и дека Александар го прошири елинизмот за Грците. Но и цела Европа, како и сите области околу Средоземно Море и многу други земји, потклекнаа под напливот на елинизмот ширен од страна на Римската Империја (колонијален и робовладетелски систем исто како Грција) . По смртта на Александар, Александрија, под водство на македонските птоломеи, речиси 300 години беше центар на културата на елинистичката ера, се до моментот кога Египет во 30 год. пр. н. е. по смртта на Клеопатра ВИИ, како последна голема елинистичка држава беше анектирана од Рим. (Клеопатра како птоломејка со тоа беше последната наследничка на македонските дијадохи на фараонскиот трон) .
Но, дали ова значи дека и Египет, Перија и Италија биле грчки?
Или Индија, Персија, Египет и Сирија би биле македонски?
Иван Минев го резимира ова потенцијално недоразбирање:
“За елинизмот, кој по освојувањата на Александар се прошири низ целиот тогашен свет (па и во Македонија) не треба да се има погрешно мислење дека е етнички грчки“.
Дури по трите војни на Рим против Македонија од 215 год. пр. н. е. по битката кај Пидна во 168 год. пр. н. е. дојде до пропаста на македонската држава, а со тоа и на нејзината хегемонија врз Грција. По последното востание на Андрискиј против Римјаните во 148 год. пр. н. е. Македонија стана римска провинција. „Грција како дел од провинцијата Македонија, им беше целосно потчинета на Римјаните“. Најдоцна во времето на Диоклецијан, Македонија беше поделена на два составни региони, Мацедониа Прима и Мацедониа Сецунда. .
По делбата на империјата во 395 год. – и по населувањето на Словените – Македонија остана составен дел на Источното Римско Царство, подоцна Византија.
Околу 400 год. н. е. Римјаните по околу 600-годишна експлоатација на колониите во Европа, Северна Африка, Мала Азија и на Балканот, мораа да ги повлечат своите окупаторски трупи во Италија, за да ги одбранат сопствените граници од германските племиња.
Во текот на В век, Словените преку унгарската рамнина и Молдавија продреа на југот“.
Во VI и VII век Словените ја преплавија Југоисточна Европа, каде живеат и до ден денес. Георг Штатмилер објаснува дека, иако првите пробиви биле многу порано, нивното трајно навлегување на просторите на Балканот „според византиски извори, несомнено се случило по ВИ век; тие пристигнале во различни периоди и по различни патишта.
Словенското населување на Балканот оттаму претставува нова, одделна фаза во историјата на овој регион. Со големата преселба на народите и Балканот етнички се измени, исто како и цела Европа – но без целосно искористување на автохтоните народи. Тоа претходно не го сторија ниту Римјаните, ниту пак Турците по нив. Токму спротивното, со сета етничка разноликост дојде до „оформување на мултиетничко население“.
Од друга страна, новите влијанија продреа се до имињата. Слично како и во вековите на римското владеење, поради темелните промени настанати со населувањето на Словените во времето на големата преселба на народите, речиси сите места во Југоисточна Европа ги загубија своите поранешни имиња. „Дури и византиските автори се жалеа на исчезнувањето на грчките имиња и нивната замена со словенски“ (во Грција) .
Ги снема имињата на државите, бидејќи Словените на своите населени региони им ги дадоа имињата на своите словенски племиња. (Една земја доби – подоцна – име кое не беше словенско, туку турско-татарско, значи име по нивното турско племе: Бугарија) . Словенските новодоселеници само во два случаи ги задржаа старите имиња на регионите каде се населија, и ги превземаа имињата на останатиот дел на населението, кои опстанаа дотогаш во Грција и во Македонија.
<>
Кон крајот на Х век имаше период, кој и покрај своето кусо времетраење – во споредба со целокупната историја по Христа – од околу 40 години, играше значајна улога за Македонија: околу 845 год. под водство на бугарскиот цар Пресјан беше окупирана (средишна) Македонија. По распадот на Првото Бугарско царство во 971 год. по востанијата во 969 год. против Бугарите и во 976 год. против Византијците под водство на кнезот Самуил за време на своето владеење ја прошири средновековната македонска држава на север се до Сава и Дунав, на југ до Коринтскиот Залив и на запад до Јадранско Море.
Доколку го следи лошиот пример на нејзините соседи, Македонија, како тест, денес би требало да изјави претензии за сопственост на овие области. Би било интересно да се слушнат протестните крици на погодените држави, кои, врз база на слични настани во дамнешното минато, сметаат дека е сосема природно да се повикуваат на истово смешно право на сопственост.
Наспроти ова, Гинтер Принцинг препорачува, „во основа анахронистичкиот назив Македонско царство, е подобро да се одбегнува, бидејќи многу лесно го насочува погледот кон бугарските корени“ бидејќи и Самуил и неговите следбеници секогаш се гледале себеси во државната традиција на Бугарија.
Проф. Принцинг сепак остава и можност за постоење на спротивен поглед, повикувајќи се на стандардното дело „Историјата на византиската држава“ во кое „повеќепати се споменува Македонското царство и Македонија кога се говори за владеењето на Самуил“, иако нејзиниот автор Г. Острогорски јасно диференцира со тоа. . . што најпрво јасно ја потенцира бугарската традиција, кон која Самуил се приклонил, за на крајот да заклучи: „Во реалноста Македонското царство значително се разликувало од пораншното царство на Бугарите. Според неговиот состав и карактер тоа беше нова, засебна творба. Тежиштето се префрли сосема на запад и југ, и Македонија, како периферна област на старото Бугарско царство, оформи свое сопствено јадро“
Со победата на Византијците над Самуил и неговите наследници, 1014 год, се стави крај на македонската независна држава. Главниот град Охрид дури 1018 година повторно потпадна под Источното Римско Царство.
Ханс -Лотар Штепан

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *