Македонија

Игрите со Илинденското востание

Игрите со Илинденското востание
Авторот можеше да се увери дека за неуспешното Илинденско востание од 1903 година, кое доведе до формирањето на Крушевската Република, е многу поопширно пишувано во списите на политичкиот архив – во стотиците томови за Турција – и тоа низ значително подолг период и на забележително поголем географски простор, отколку што можеше да се претпостави по кусите ознаки „Илинден“ (на 2 август) и „Крушево“. За разлика од тоа, во делот од списите на тема „Балкански сојуз“, за ова востание има само еден извештај:
Од весникот „Уставна Србија“, службениот орган на повеќето радикали, во кој е преземена една статија од листот „Застава“ од Нови Сад, претставништвото во Белград цитира пасуси за очајната ситуација во Македонија и итната потреба од еден балкански, или барем словенски сојуз. Известувачот ги посочува жртвите и сосема отворено ги обвинува соседните држави:
„Во Македонија и во стара Србија се уште горат многубројните запалени села, а илјадници жители пребегнаа во планините“.
Бугарија, најмногу го поттикнуваше востанието, но и ја стори најголемата грешка: сакаше се сама да стори, но сепак да не влезе во војна. Доколку претстојната зима не се искористи „за балканските држави да најдат заедничко разбирање, тогаш нема да има ослободување за Стара Србија и за Македонија…“
Доколку не успее создавањето на сојуз, овие држави ќе мора да се откажат од нивните стремежи, кои сами не се во состојба да ги спроведат, и кои уште повеќе им штетат на нивните браќа. Во името на „многуте илјади беспомошни лица…“, кои талкаа по тмурните и студени гори во Турција… „мораме да им порачаме на засегнатите: онака како што досега постапувавте, никој не ги ослободува своите браќа!“.
Начинот на кој новинарот го составил својот извештај, се чини дека е убеден во искрената спремност на соседите да им помогнат на своите христијански македонски браќа, и дека стоењето на страна го смета за погрешна политика, неуспех или во најдобар случај, за недоразбирање. Всушност, мора да му се чинело сосема логично оние народи, кои за ослободувањето од Турците беа помогнати од големите сили, сега треба да им помогнат на другите народи во нивното ослободување, штом – или поточно токму затоа што – Големите сили им откажаа поддршка.
Доколку во Македонија, како што постојано се тврдеше, навистина живееја Срби, Бугари и Грци, тогаш соседите би им помогнале на истиот начин како што Бугарите им помогнаа на своите бугарски сонародници во Источна Румелија, или пак Грците на своите грчки сонародници во Тесалија. Но, бидејќи всушност се работеше за „туѓ“ народ Македонците (кои поседуваа сопствен идентитет, се уште без своја држава) словенските братски народи се задоволија со тоа да ги поттикнат Македонците да го запалат огнот, и потоа да ги остават сами да се борат со него.
Има уште нешто, за што Едит Дурхам, искусен експерт за Балканот, известува:
„Се испостави дека несреќното население во востаничките места беше излажано да верува дека Русија, како и во 1877 година, ќе поита и ќе им помогне во нивното ослободување!“
Нескриеното обвинување на известувачот ја раѓа помислата дека зад односот на Бугарите и на Србите не се крие несмасност или неуспех, туку калкулација: десеткувањето на борбено способното македонско население им одеше во прилог на соседите, кои и онака имаа намера во блиска иднина самите да ја поробат проблематичната територија; а доколку имаа помалку борци кои би им се спротивставиле на напаѓачите во моментот, кога ќе ги препознаат како такви, а не онака како што лажно се претставувале со години, тогаш ова само им оди во полза на агресорите.
Ова не е обична шпекулација. Споменатата госпоѓа Дурхам во своите сеќавања пишува:
„Во Македонија го открив… интересниот факт дека … христијанските балкански цркви ги држеа Турците на власт. Грците и Србите организираа банди на комитаџии и ги испраќаа во Македонија, не за да ги ослободат христијанските браќа – не, тоа најмалку го сакаа – туку да им помогнат на Турците во угнетувањето на христијанските браќа“.
На следната страница заклучува:
„Ова беше христијанството за кое тогаш се молеа во европските цркви“.
Тука треба да се разгледа уште еден аспект:
Во текстовите, отпечатени пет години по востанието, та затоа можат да се сметаат од истото време (по оваа фаза на рефлексија тие дури се најдоа и во лексикон за конзервација), се гледа дека по ненадејното избивање на македонското востание пролетта 1903 година, кое подоцна доведе до Илинденското востание (во август), Русија и Австрија (секоја поради своите специфични интереси), на соседите на Македонија им испратија предупредувања, за да се задржи мирот (!) да не се мешаат во Македонија, т.е. со други зборови (доколку воопшто имале таква намера), да не им помогнат на Македонците!
Ова е збунувачки – бидејќи нецели 10 години подоцна, во 1912 година, кога соседите Србија, Бугарија и Грција уште повеќе се вмешаа и не се задоволија само со пружање помош на востаниците, туку го прекршија ветениот мир и директно ја нападнаа Македонија, со цел да ја поробат, – немаше никакво предупредување од Големите сили сепак да се зачува овој мир.
Подоцна се испостави дека Русија и другите две членки на Антантата не само што детално биле запознаени со планот на Балканскиот сојуз, туку и самите го ставиле во движење.
Оттаму може да се заклучи дека мора да постоел договор меѓу Големите сили и агресорите во поглед на нивните планови за анексија. Така, пак, се доаѓа до заклучокот дека силите на Антантата намерно ја жртвувале Македонија на Србите, Бугарите и Грците. Зошто?
Ова не беше случајност, туку династичка поддршка од страна на велесилите во полза на балканските монархии, на прво место Грција – поради стратегијата на Антантата кон Двојниот сојуз.
Ханс – Лотар Штепан

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *