Свети Николе во минатиот век било гратче во кое музиката никогаш не недостигала, а постоењето на Rock and Roll бендови уште од 60-те години на минатиот век заедно со редовните гостувања на големи имиња од тогашната рок сцена и спомените на повозрасните генерации сведочат за музиката која се слушала во малото гратче. До крајот на 20 век не престанаа честите рок концерти, а во 21 век гостувањата се сè поретки.
Околината на Свети Николе има инспирирано многу режисери кои го имаат овековечено Овчеполието во своите филмови (види – Македонската кинематографија и Овче Поле). И во новиот век овој регион инспирира за создавање на филмови, уметнички дела, па и музички спотови.
Во текот на ова лето од 2020 година, во околината на Свети Николе по втор пат се работеше на видео запис за песна на Игор Атанасовски – Гуру Харе. Неговата музика често може да се слушне и на брановите на Радио Свети Николе – 87,9fm. Во текот на изминатите години заедно со неговиот бенд одржаа и неколку убави концерти во Свети Николе. По успешната соработка со Мандолинскиот оркестар од Свети Николе и снимениот видео запис за инструменталната верзија на песната „Мајко“, во Светиниколско се снимаше и спот за последната песна од вториот соло албум на Гуру Харе.
Мајко! Игор Атанасоски – Харе и Г.М.Д – Свети Николај – Свети Николе Музика: Игор Атанасоски – Харе
Аранжман и диригент: Баже Стефановски
Изведува: Мандолински оркестар – Свети Николај и Игор Атанасоски – Харе
Детски хор од основните училишта: Гоце Делчев и Кирил и Методиј – Свети Николе и Горјан Димовски
Аудио снимање и продукција – Мите Димовски – Тралала студио Видео: Фото Кис Режија и фотографија: Maxxxo
Камера: Дуле Јанев, Александар Гелевски, Александар Јанев
Фотограф на сет: Дорина Јанева Монтажа: Дуле Јанев
Во недела, 23 август 2020, на YouTube каналот на Игор Атанасовски – Гуру Харе (клик) премиерно ќе биде прикажан вториот видео запис снимен во Свети Николе и Овче Поле, за последната песна од неговиот втор соло албум, насловена како „Реприза“.