Коментари

Од Исток Сонце и Вистина


Kонцептот беше јасен, создавање на своја сопствена
уметност, автентична,базирана на својата сопствена
традиција и корени, без копирање на PAX/АМЕРИ-
КАНА концептот кој доминираше во минатиот век.
А како другачије уметноста би имала смисла да постои ако
нема своја автентика, тогаш е само бледа копија и плагијат и
ја губи комплетно смислата на своето постоење. Не за џабе
Ристиќ ја одбрал Суботица за центар на своето делување,
еден прекрасен град, мултикултурен во Централна Европа во
кој живеат Унгарци, Хрвати и Срби.
Првиот впечаток за идентитетот на овој град е дека тој нема
допирни точки со Балканот, меѓутоа како и сите мали народи
така и жителите на овој прекрасен град се во голема дилема
како да го сочуваат и развијат својот културен идентитет од аг-
ресивниот наплив на АНГЛО/САКСОН TRASH КУЛТУРАТА, која е
бескрајно агресивна и оперирана комплетно од некави креа-
тивни вредности, со една крајна цел: СОЗДАВАЊЕ ПРОФИТ.
На мое големо изненадување комуникацијата со повеќе
луѓе кои имаат унгарско потекло се одвиваше на Англиски
јазик, очигледно младите Унгарци воопшто не го говорат
Српскиот јазик, кој е официјален јазик на државата во која
тие живеат. Овој момент ме потсети на податокот што го про-
читав во нашите весници дека 38% од младите Албанци го
зборуваат Англискиот јазик исто така добро како својот мај-
чин јазик, истото важи и за Македонската млада популација,
38% од младите Македонци го говорат Англискиот јазик, како
својот мајчин јазик. Така што изгледа не е далеку денот кога
Македонците и Албанците ќе комуницираат во својата соп-
ствена држава на Англиски јазик. Човек не може, а да не се
запраша дали се создава една нова нација: АМЕРИКАНСКИ
МАКЕДОНЦИ. Јачината на Американските медиуми во ова
време на технолошки, информативен и комуникациски нап-
редок е огромен.
На крајот на краевите едно од главните оружја на Западот
во рушењето на Варшавскиот Пакт беше популарната култура
(музика,филм,забава,мода). Малкумина знаат дека бизнисот
со популарната култура во В.Британија е на четврто место,
во своите економски успеси и е пред бизнисот со челик кој
е на петто место. Англиската кралица редовно ги наградува
своите уметници, за нивниот допринос во јакнење на еконо-
мијата на Англија.
Што да се Прави?
Ништо друго, освен јакнење на својата сопствена култура
и традиција, морам да напоменам во текстов дека и моето
бавење со музика беше и тоа: создавање на еден автентичен
музички израз, базиран на својата сопствена култура и тради-
ција. Кога цариникот на македонско/српската граница ме пра-
ша каков стил на музика свирите, јас му одговорив: ПРАВОС-
ЛАВЕН РОК. Цариникот задоволно се насмеа, комуникацијата
беше потполна, не пуштија преку граница за две минути.
Источните народи мора да разберат дека само со вложу-
вање во својата сопствена култура, можат да ги придвижат
работите од мртва точка, така што и те како ќе помогнат да
се обликуваат разни политички и сложени процеси како што
на пример е проектот Евро/Азија.
На пример Александар Македонски е првиот глобалиста
што го споил Истокот и Западот, неговиот концепт е ултра
модерен до ден денешен. Кога Турците го освоиле Кон-
стантинопол настанува првата музичка глобалистичка евро/
азиска фузија. Византиците пееле добро, а Турците свиреле
одлично. Комбинација која ја промени музиката воопшто.
Што беше Византија ако не спој на Европа и Азија, Што беше
Отоманското царство, и тоа така спој на Европа и Азија.
Младите музичари од Македонија мора да разберат
дека не вреди на таква сопствена традиција и култура, да се
копира на пример некој Американски бенд од Тексас, или
пак глупо е и смешно бенд од Битола да свири каубојска му-
зика. Мизар му парираше на Мерилин Мансон и Лаибах на
Фестивалот во Белградска Арена бидејќи има свој сопствен
израз и идентитет.
Проблемот со нашата земја е дека во моментов преовла-
дуваат два крајно радикално спротиставени концепти. Ед-
ниот концепт вика дека тука ништо не чини, дека сме крајно
несвесни и необразовани, така што се што доаѓа од ЗАПАД Е
СУПЕРИОРНО. Овој концепт го форсираат група квази/инте-
лектуалци кои се срамат од своите сопствени корени: ЖИВА
БЕДА.
Другиот паралелен концепт е концептот на турбо/фолкот
кој што пак оди во друга крајност, пропагирајќи дека се што
доаѓа од Западот е катастрофа, концепт на квази/сељачко
делување од Горно Чицево до Танушевци.
Текстот ке го завршам со извадок од текстот на песната
на Мизар-Константинопол:

НА ЗАПАД МАСИВНО СИВИ ОБЛАЦИ

ОД ИСТОК СОНЦЕ И ВИСТИНА.

 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *