Превземено

Година на Змејот


Подарува среќа и успех, го чува семејството и добрите луѓе. Поволна за основање на семејство, за раѓање на паметни и здрави деца. Во овој период треба да бидеме смели и никако скромни
2012 година е посебна кармичка година која ќе биде под покровителство на Црниот Воден Змеј и во нашите животи ќе донесе возбудувања, голем напредок и падови, а само ако му погодуваме на владетелот Змеј на вистински начин, ќе успееме да ги собереме најубавите плодови кои некогаш сме можеле да ги замислиме.
Годината на Црниот Воден Змеј почнува на 23 јануари 2012, а завршува на 9 февруари 2013 година, а истовремено завршува долгогодишниот период на Лавот и настапува ера на Девицата.
Годината на Црниот Воден Змеј ќе ја одбележат многу големи дела, смели и иновативни идеи, големи проекти, чии учесници ќе бидат луѓе со преголем ентузијазам. Успех во оваа година посебно можат да очекуваат луѓе кои се бават со финансии, а ова ќе биде поволен период за почнување на нови проекти и на деловен и на личен план.
На сите добродушни луѓе кои водат чесен живот, а исто така и на тие кои се издвојуваат со нивниот талент, Змејот ќе им подари среќа и успех.
Годината на Змејот е поволна за основање на семејство, за раѓање на паметни и здрави деца.
извор: Македонска Нација
Во овој период требало да бидеме смели и никако скромни, пренесува сајтот.

 
 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *