Македонија

Гино де гаги и нивните страсти

Гино де Гаги и нивните страсти е алтернативен рок – бенд формиран во 1983 година во Скопје. Жанровски спаѓа во делот на  new wave и electro – pop. Критичарите  а ги споредуваа со  Talking Heads  и Blanckmange.
Првата постава беа Majo Vox – клавијатури и ритам машини, Дејан Аргировски – Ушко – синтисајзер и Драган Гиновски – Гино – Гитара.
Во тоа време се користеа некои од најинтересните инструменти за времето.  Тоа беше state of the art technology а инструментите немаа МИДИ!

 
Гино де Гаги и инивните страсти имаа повеќе пероснални промени. Бендот го напушти Дејан Аргировски – Ушко а се придружија Гоко Мишковски, Соња Рафајлоска и Душко Ристоски.
Во оваа постава бендот настапува на Рок Фест 1984–та ( линк до весник) .
Едно кратко време во бендот членува и Игор Харе.
1984-1985
Во овој период се придружува и  Петар Јанков кој стана носител на Гино де Гаги и нивните страсти ,  заедно со Majo Vox I Gino.
Конечната постава која настапуваше 1984-1985 г. беа:
Мајо Вокс – клавијатури, ритам машини
Гино, гитара
Петар Јанков, бас
Душко Ристоски  –вокал
Соња Рафајловска – вокал
Ацо Конга – конги
Тоа беше најавангардна  постава  во 80 – те години. Жива свирка, без тапани , а со конги, два синтисајзери или две гитари во различни периоди…два вокала.
Бендот настапи во 1984 година на Рок Фест. (Рок Фест 1984)
Февруари 1985 – Кино Ѓорче Петров – за кое доби прв пат позитивна критика во Студентски збор.  Бендот беше спореден со  Talking Heads
Бендот настапуваше на настапи организирани за поддршка на гладните во Африка и тоа: Скопје (март 1985) и Битола (март 1985)
Подоцна бендот настапуваше како предгрупа на повеќе концерти како на пример на Дориан Греј и Бастион.
Во 1985 година, после долги неуспешно обиди да се наоправи снимка во РТС, бендот влезе во студио на Тоше Поп Симонов и сними четири песни.
Сите од бендот ги донираа парите добиени на матурските вечери за да го финансираат снимањето (линк).
Се снимаше кај Тоше Поп Симонов, во дневна соба, бидејќи студиото се уште не беше пдоготвено, а сите од ГдГ заминуваа на отслужување на воен рок.
Од снимените песни само една песна е зачувана во студиски квалитет 9 таа се наоѓа на Македонски докимент 2. ( линк)
Интересен факт е дека истата во 2013 година беше издадена на компилацијата Ex-Yu Electronica, Vol 2, Било једном на Балкану (издадено од Subkulturni Azil).
Останатите песни се „реконструирани“ благодарејќи на касета која ја сочувал Саша Павловиќ. Обработкета беше направена во Студио
Следна студиска песна е „Тагоре“ која ја снимија Мајо и Гино за потребите на проектот Tribute To Ushko.

На овој албум се наоѓа и демо верзија на која пее дејан Аргировски Ушко (линк).
извор – vis-vox.mk

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *