изборПревземено

Електромагнетни извори на зрачења

Изворите на електромагнетни зрачења можеме да ги поделиме во две групи:
а) природни извори на зрачење;
б) вештачки (технички) извори на зрачење.
ПРИРОДНИ ИЗВОРИ НА ЗРАЧЕЊЕ (ПОЛИЊА)
Со природните извори на зрачење биле запознаени и најстарите цивилизации. Во природни извори на зрачења спаѓаат: сончеви бури, космички зрачења, геопатогени подземни извори на зрачења, јонизација, одредени градежни материјали, био-архитектура и други видови зрачења што можат да бидат предизвикани по природен пат.
Сончеви бури
Со појавата на ерупциите на Сонцето се создаваат сончеви бури или ветер, кој се движи со брзина од околу 1.000 km/sek кон Земјата. Од моментот кога ќе се појават сончевите ерупции, сончевите бури во период од 2-3 дена достигнуваат до магнетосферата. Магнетосферата претставува природен земјин штит од сончевите бури, кои вршат компресија (притискање) врз земјината магнетосфера, при што волуменот се намалува, а со тоа земјиното електромагнетно зрачење се зголемува 5-10 пати. Имајќи го предвид релативното земјино електромагнетно поле, врз кое е природно кодиран целокупниот жив свет (вклучувајќи го и човекот) треба да се знае дека секое негово отстапување може мошне сериозно да го загрози опстанокот на живиот свет. Во овој случај неопходно е да се изврши заштита од штетноста на зголеменото земјино електромагнетно поле. Досега најефикасен апарат за заштита од сончевите бури е неутрализаторот-трансформер Био-СПХ, со кој се овозможува нормален биолошки развој на живиот свет.
Космички зрачења
Поради оштетување на озонската обвивка, се јавуваат таканаречени космички дупки, кои опфаќаат поголеми пространства на планетата Земја. Преку нив лесно се пробиваат ултравиолетовите зраци. Ако луѓето се изложени на тие ултравиолетови сончеви зраци во подрачја што се под дејство на озонските дупки, постои можност полесно да се јават изгореници и рак на кожата. Покрај овие космички или озонски дупки, постојат и други извори од електромагнетен карактер познати како космички извори на зрачења. Космичките извори на зрачења се резултат на истоимените мрежи, кои се простираат над магнетосферата. Поради меѓусебното сечење на линиите што ги формираат космичките мрежи се појавува точкесто насочена концентрација од електромагнетното зрачење, кое постојано дејствува врз озонскиот земјин штит и се насочува кон Земјата. Одреден број космички јазли успеваат да го пробијат озонскиот штит и да продрат до одредена длабочина во земјата. Од ширината на линиите што ја формираат космичката мрежа ќе зависи и дијаметарот на дејствувањето на космичкото зрачење врз Земјата. На пр.: ако линиите се широки 50 cm со сечењето на две линии пречникот на јазолот на космичкиот извор на зрачење ќе биде 50х50 cm. За две од овие космички мрежи знаеле и постарите цивилизации. Денес постојат три откриени космички мрежи, кои се штетни за живиот свет…
извор

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *