Коментари

Овде е Америка

.

ОВДЕ Е АМЕРИКА

(Доброволен прилог за децата на Транзицијата)

Агресивноста на политиката (Bush vs. Sadam, УЧК vs. неидентификувано движење на одбраната, Дејтон, Охрид, Косово и слично) обично се демаскирува кога е веќе доцна, односно отпосле извршените етнички прочистувања. Инаку, чистењата воопшто не би се случувале. UN и други меѓународни, би биле вишок на сцената. Политиката е повеќе претсобје на војна отколку излез од неа или маневар да биде избегната. Како инаку да се објасни потребата на некој да го прелетува океанот за да го бомбардира Вавилон (кулите беа две, за разлика од приказната), и да ги уништува непроценливо вредните културни заоставштини? Да газиш врз парчиња скршена вазна од минојски период е како да си добил шлаканица од севкупното космичко варварство сконцентрирано во една најобична човечка тупаница, што ја стегнал и ти ја вперил во лицето никој друг, туку – твојот сосед. Ближниот. И кога на моите пријатели, заколнати космополити, им велам дека денес чудни ренесансни бранови на етнофилетизам доаѓаат од Запад, не ми веруваат.
Сè е исто како секогаш. Следнава поговорка настанала во Старата Хелада, пред неколку илјади години, кога некој фалбаџија ги убедувал насобраните пријатели дека може да скокне најубаво од сите и дека никој не може како него, но не може тоа да им го демонстрира веднаш. бидејќи тоа може да го изведе само на едно место – на островот Родос. Меѓутоа, пријателите побарале тоа да им го покаже или on the face of the place, или воопшто да не се фали дека може да скока, бидејќи ако може да скока, ќе скокне секаде. или ни на Родос, најверојатно не би скокнал. Во таа ситуација настанала изреката: ОВДЕ Е РОДОС, ОВДЕ СКОКАЈ!
Така и со нашата “европска” приказна. Нашата земја, којашто е крстосница на светски цивилизациски текови, хоризонт на европското изгрејсонце, принудена е својата вештина на скокање да ја покажува во Брисел, или каде и да е. Можеби Америка е преку океанот, но зарем не е и повеќе блиску до умот денес, во ерата на толку развиена комуникациска технологија, (и “информатичко општество”) сосема оправдано да му викнеме на фалбаџијата (читај: печалбаџијата): “Не, Америка не е таму!”
Во Христијанството најмалку од каде било на светов има место за негување култ кон кое било земно царство. Таа ослободеност од припаѓање кон што било на Земјата, истовремено значи и љубов и грижа кон сè што е на неа, бидејќи Бог ја создал за ние да живееме на неа, а не да се убиваме меѓусебно заради неа. Каде и да е Родос.
Денес, кога од сателит можат на CNN да ја коментираат бојата на тапетите во вашата дневна соба, без вие да имате поим за тоа (свесност), за сепак да нè обвинат за параноја и ксенофобичност, треба да сме наивни ко деца и сплотени меѓусебно на ниво на племенска заедница. Далеку од Унијата. Збогум на феудалните поседи од среден век. Назад во предисторија што е многу поблиску до. . . . . Целта.
Hic Europa, hic salta!

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *