Македонија

Свети Наум и мечката

Вакви приказни и преданија за чудата на Св. Наум ги има во изобилство во Охрид и околината, кои јасно ги покажуваат чувствата на населението, без разлика на  вера и народност, што тоа ги манифестира кон св. Наума.  (Заб. на К. Шапкарев)

Едно време, кога орачите од Св. Наумовијот манастир си орале на нивјето, им дошла една мечка, та им изела еден од орачките волои. Ралото или плужницата им останала со еден вол, та не можело веќе да се орат.

Орачот со трчање дошол в манастирот и му казал егуменотому, оту мечката дошла на нива, та му го изела еднијот вол.

– Сега немам – рекол орачот, – со шчо да доорам нивата.

– Ходи си ти на нива – му рекол егуменот, – тамо ќе си го најдиш волот во плугот, впрегнат во јаремот.

Орачот си ошол на нива, кога шчо да видит? – Чудо големо! Мечката, шчо го изела волот, впрегната била на плугот во јаремот заедно со другијот вол. Орачот си доорал нивата со еднијот вол и со мечката до него, впрегната во јаремот.

И до ден денеска тоа чудо стоит написано на иконата Св. Наумова и на камењата по ст’рните од мостот Дримски, близу до манастирот.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *