Македонија

Арсени Јовков

(с. Селце, Струшко, 1882 – Горна Џумаја, 1924) – поет и публицист, општественик, револуционер, учесник во Илинденското востание, преведувач, филмолог. Како литерат се пројавува во првите две децении на ХХ в., во периодот на својот престој во Бугарија. Пишува на бугарски јазик. Стартува во поезијата како ученик во Битолската гимназија (кон 1900), речиси истовремено со својот соселанец, Војдан Чернодрински.
Убиен е во Горна Џумаја (Благоевград) во Пиринска Македонија од страна на терористите на Ванчо Михајлов. Редактор е на весниците “Илинден”, “Пирин” и “20 јули”, а по 1923 г. решително се одредува на страната на македонската левица. Тогаш издал две поеми: “Проклетина” (Варна, 1905) и “Љуљебургас” (Варна, 1912). Во ракопис му се останати повеќе песни и поеми меѓу кои романот во стихови “Илинден”.
Вонредна лирска топлина му ја краси поетската реч. Во македонската литературна периодика првични осветлувања имаат дадено Ацо Алексиев и Гане Тодоровски, додека за неговото публицистичко дело пишувал и помал избор објавил во посебна книга Боро Мокров (Скопје, 1998). На македонски јазик му се издадени две книги: “Илинден” (Скопје, 2005) и “Поеми и песни” (Скопје, 2006), во превод на Милан Пангоски – Селечки. Архивската оставина на Јовков се чува во МАНУ.
 
– МАКЕДОНСКА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА – МАНУ, Скопје 2009

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *