Податоци за тоа дека следната апокалипса ќе биде од огнена природа можат да се најдат не само во индиските туку и во христијанските записи.
Во евангелијата постои еден совршено точен исказ на Исус Христос:
„Јас дојдов да фрлам оган на земјата и колку би сакал да се беше веќе разгорел“.
Учењето понесено од Махатма на семејството Рерих се вика агни јога, т.е. огнена јога.
Во сите древни пророштва и религиозно-филозофски учења, под поимот оган не се подразбира физичкиот оган, туку вишите космички енергии. Какви се овие енергии? За најпознатата енергија, која е способна да предизвика навистина апокалиптични настани на нашата планета, науката ја смета енергијата на Сонцето. Сончевите елементи што пристигнуваат на Земјата како резултат на ерупциите и на исфрлувањата на Сонцето, во случај на изразена активност на нашето светило, може да ни приредат вистинска апокалипса – научниците не се сомневаат во тоа.
Но според агни јога, Сонцето не е единствениот извор на тие енергии, на кои во иднина им е судено да променат многу на нашата планета.
Можат ли во космосот да постојат такви енергии чија природа не и е позната на современата наука?
Во обидот да најдеме одговор на ова прашање, ќе се потсетиме на умесната забелешка на Шекспировиот Хамлет упатен кон неговиот пријател: „Има многу нешта, пријателе Хорацио, што не ни ги сонувале нашите мудреци!“ Навистина, нас нé опкружуваат многу загатки, дури и на Земјата! А во космосот – уште повеќе! Да земеме еден мал пример. Пред неколку години, научниците и обичните жители на Москва беа сведоци на еден необичен настан. Тие беа зачудени со една појава за која дури известуваа на еден од каналите на ТВ. Една прекрасна вечер, на голема територија над Москва се промени бојата на атмосферата! Воздухот стана не безбоен, каков што сите сме навикнале да го гледаме, туку доби некаква виолетова боја. Во воздухот како да имаше некоја непозната светлина. Што беше тоа? Научниците се чудеа. Појавата траеше, ако не грешам, ден или два, но нејзини сведоци станаа илјадници луѓе. Секако, според позициите на современата наука, во природата постојат многу загадочни и необјасниви појави. Но, во принцип, можеме да си дозволиме да мислиме дека во космосот (и во атмосферата на нашата планета) има такви енергии и такви космички елементи кои сé уште не може да бидат регистрирани со некоја наша апаратура.
Во своите трудови, академик В. И. Вернадскиј забележа дека сé што е суштинско во вселената, се наоѓа во состојба на постојана размена на енергиите. Од ова правило не е исклучената и Земјата. Размената на енергиите од космосот е еден од основните фактори на постоењето и на развитокот на биосферата на нашата планета. Клеточните структури на сите живи суштества на Земјата активно соработуваат со потоците на космичката енергија, кои течат на површината на планетава. Вернадскиј пишуваше дека благодарение на космичките зрачења, елементите на биосферата се напојуваат со енергијата, се активизираат, ја собираат добиената енергија во форма на зрачење и на Земјата, ја претвораат во слободна енергија, способна да произведува дејство. Вернадскиј истакнуваше дека науката не е во состојба да ги регистрира сите видови космички зрачења што доаѓаат на Земјата. Аналогна мисла опстои и во учењето на агни јога, каде што се зборува дека најсуптилните видови на космичките енергии сé уште не и се познати на официјалната наука. Во современата наука уште не се создадени толку чувствителни апарати кои би можеле да ги регистрираат таквите енергии.
Меѓутоа, едно е јасно:
– Космичките енергии имаат голема улога во развитокот на нашата планета и на сé што постои на неа;
– Во космосот постојат такви видови енергија, кои не и се познати на нашата современа земна наука.
Истакнатиот руски научник-историчар Л.Н. Гумилјов многу размислува за влијанието на космичките енергии врз текот на историскиот развиток на човештвото. Гумилјов заклучил дека на Земјата периодично се појавуваат т.н. пасионирани етноси. Гумилјов ги нарекувал тие народи пасионирани зашто во споредба со другите народи, имаат голем енергетски потенцијал. Благодарение на својот потенцијал, пасионираните етноси имаат посебен придонес во историјата. Тие воделе активна завојувачка политика, постигнале големи успеси во производството или во културниот развиток, а исто така, имале огромно влијание на сите други народи кои се наоѓале околу нив. На таков начин, тие се нашле во улогата на катализатор на историскиот процес. Обидувајќи се да ја сфати причината за појавата на таквите пасионирани нации на Земјата, научникот Гумилјов дошол до заклучок дека во основата на таа појава лежи дејството на некој природен фактор врз биосферата на Земјата, кој предизвикува мутации во човековиот организам, со што се менува филозофијата на луѓето. Гумилјов го замислував овој фактор како природен енергетски импулс, кој предизвикува слабо озрачување на луѓето што живеат на определени географски точки на планетава.
Размислувајќи за можните извори и за природата на гореспоменатиот импулс, Гумилјов истакнал три можни варијанти:
1) Сончевото зрачење
2) Енергија на подземно радиоактивно распаѓање
3) Хипотезата на Вернадскиј за постоењето на распрскани снопчиња на енергија во галаксијата.
За најдоверлив извор на енергијата, што лежи во основата на животниот импулс, Гумилјов го смета варијабилното космичко озрачување. А треба ли воопшто да зборуваме за тоа дека на науката сé уште не и се познати таквите видови извори на енергија и нивната природа.
извор Нова Македонија 2010