Меѓународната академија на науки „Вектор“ од Азербејџан неодамна објави Антологија на современата поезија од Македонија.
Изборот на песните го направи познатиот азербејџански поет и професор Елчин Искендерзаде, кој со Арзу Хусеинова го направи и препевот на азерски јазик, а автор на предговорот е македонскиот поет и критичар Санде Стојчевски.
Во антологијата се застапени шеесетина поети од Македонија, почнувајќи од основоположниците на современата македонска поезија до најистакнатите претставници од помладата генерација.
Извор: Нова Македонија