Македонија

Македонија и Еврејскиот народ

Не попусто е речено дека историјата е огледало на вековите. Во ова чудесно огледало од античко македонска и еврејска историја, се опфатени различни примери и периоди, како  историски декор, каде историската судбина е заслужна за чудо. Ова е како легендарна историска драма глумена на различни сцени од различни актери, содржејки ја истата суштина од дејствието во приказните и темата. Континуираниот внатрешен судир и дефанзивни војни, кои Македонија ги извојува за времето на нејзината државност им беа познати на еврејската држава и исто така знаеа за слава и пораз, триумф и солзи. Македонската стратешка позиција и нејзините плодни земји ги привлекоа ордите на Тракијците, Илирите, Персијците, Грците и Тесалијците како магнет. Еврејските земји беа исто така под константен удар од соседите Асирци, кои владееа над целиот Исток, подоцна Вавилон и Персија исто така, со векови, кои ја трансформираа нашата античка историја во мозаик од војни и мирен развој, рангирајки ги од процветувањето на културниот развој до ужасни катастрофи. Ова беше мозаик со големи воени лидери како Давид и Соломон и храбриот Император Еровоам, но исто така со кукавички водачи, кутри бранители на своите  народи.
Во Македонија династијата на двајцата бесмртни императори, Филип Втори и неговиот син Александар Трети, ја доведоа македонската држава до невидена воено политичка моќ. Во нашата држава династијата на двајца други бесмртни императори Давид и Соломон, повторно татко и син, ја крунисаа еврејската држава со најсветли страници во нејзината историја.
Македонскиот Крал Филип имаше задача за обединување на Македонија и ширење на нејзината моќ, исто како и подобрување на внатрешните политики преку основни економски и воени реформи. Tој успешно ја извојува војната против соседите Грци, Панонци и Илирци и постигна невидена моќ на војниот и политичкиот фронт.
Во нашата држава, исто така, Императорот Давид имал слични квалитети како вешт лидер и брилијантен војсководец. Исто како Филип Македонски, многу години порано Императорот Давид оформил обединета држава и ставил крај на вековните внатрешни конфликти зајакнувајќи го духовното и племенското единство на нацијата. Како и Филип, древниот библиски император Давид со себе носи серии од брилијантни кампањи против непријателите од Израел, давајќи му на својот народ не само невидена воена моќ, туку и сигурност во сопствената сила, што е многу значајно. Легендарната историска драма на овие двајца големи императори, Филип Македонски и Давид, не инспирира уште повеќе бидејќи тие биле многу слични, ова се однесува и на нивните синови – Александар Велики и најголемиот Еврејски император, Соломон. Работата останала незавршена поради неблаговремената смрт на Филип во 336п.н.е, па ја продолжил неговиот инзвонреден син Александар кој на тој начин достигна бесмртна слава и моќ. Соломон исто така ја продолжи работата на својот татко и ја поведе израелската држава до зенитот на нејзината историска слава и развој. Ова се поголемите историски аналогии од Македонија и Израел. По смртта на Александар Македонската држава почна да се распаѓа. Беше освоена од страна на Рим по три македонски војни. По смртта на Соломон еврејската држава се подели на 2 империи – Израел и Јудеја (978г.п.н.е.). Така Рим завладеа со Македонија, Асирија завладеа со Израел и Бабилон завладеа со Јудеја. Историјата на две нации  може да има различно поставување, но нема потреба од различен тек и факт е дека би се споделила истата историска судбина.

*

 
 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *