Македонија

Јудеја под Македонска власт

Александар сакал негова слика да биде ставена во ерусалимскиот храм, но свештеникот ја одбил неговата желба бидејќи била несоодветна со законите на еврејската вера. Тој мудро му рекол дека Евреите ќе се сеќаваат на неговото дело подолго од нивните животи, бидејќи сите машки деца родени во Јудеја таа година ќе го носат името Александар (и девојчињата би се викале Александра) во чест на големиот освојувач.

Ова се чудесните страници од највозбудливата година на Јудеја под македонска власт. Овие страници ни кажуваат појасно од се зошто на Александар му бил доделен епитетот “Голем” од страна на неговите завоени. Најдовме заклучок во врска со ова прашање во Михлал Енциклопедија, која е издадена во Ерусалим во 1955:
“…Александар Македонски ги негувал во своето срце најблагодарните цели и идеали за социјална, морална и политичка трансформација на човештвото. Тој направил извонредни напори за да ги обедини сите држави од светот во комплексна фамилија од народи кои би живееле во мир и пријателство и би работиле заедно со цел да ја развијат културата. Како и да е, Александар Македонски никогаш не ја достигна таа благородна цел. Во 332 п.н.е. тој падна болен од треска и умре на почетокот на својата 32 година…” (Михлал Енциклопедијата, страна 133).

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *