Македонија е земја со исклучително богато културно – историско минато, а притоа и крстопат и место на средби на големи и различни култури и цивилизации.
Нaшата земја од секогаш им била интересна на картографите, од Птоломеј и авторот на прочуената Појтингериана, па преку Министер, Меркатор Блае до Лапи и подоцнежните современи автори.
Нејзината илјадници години стара приказна овде е раскажана со јазикот на старите мапи кои сугестивно сведочат за долгото постоење на еден несекојдневен, препознатлив цивилизациски микрокосмос, и во минатото и денес опфатен со едно единствено име – Македонија.
види – карти и мапи на ЛОЗА