Лоза

Архангел

Архангел е македонска рок група основана во февруари 1989 година. Основач на групата е Ристо Вртев, првиот вокалист на групата Мизар и поранешен член на Инола Икс. Бендот има издадено четири албуми.

Мојот брат самотен
војува до прва зора
ноќта да ја испие
за нов и светол ден

Источно е таа сила
ти си тоа сонце, мила
врела , убава и цела
Македонија

 

 

Архангел на YouTube


Архангел многу често била поврзувана со НСК (гермaнски: Neue Slowenische Kunst)
 

Групата веднаш привлекла големо внимание во јавноста. Првите живи настапи на Архангел биле на најголемите рок фестивали во поранешна Југославија, оној на Младинскиот фестивал во Суботица во 1989 година и ЈУРМ. На фестивалот во Суботица е изведена малку поинаква верзија за песната “Архангел”, а на тој настап бас-гитара свири покојниот Дејан Аргировски – Ушко.
Во 1993 и 1994 година Архангел ги добиле наградите за најдобар жив настап. Во 1995 година ја преработиле песната на Hüsker Dü – Never talkin to you again за што добиваат награда за најдобра песна и најдобар спот во 1995. Во ноември 2000 Lithium Records ги реиздаде сите албуми на Архангел. Првиот и вториот албум за прв пат се појавиле на CD.

  • Ристо Вртев – водечки вокал и повремена гитара;
  • Драган Гиновски – гитара;
  • Петар Јанков – бас гитара и
  • Панта Џамбазоски (тапани)
  • Димитар Мите Димовски (тапани)

 

проаѓа низ тебе
и сe е така тивко

мирно

идилично

Архангел е и името на првиот албум на групата, издаден во 1991 година за белградска издавачка куќа. Истата година уредниците на 60 рок-магазини и радио емисии гласале за своите фаворити и Архангел бил прогласен за најдобар деби-албум и најпријатно изненадување, и албумот се пронашол на петтото место во категоријата најдобар албум за годината. По издавањето на првиот албум започна и војната во Југославија, така што закажаната југословенска турнеја била откажана.
“Архангел 2” е вториот албум на групата, издаден во 1993 година. Албумот, во касетно издание и со ист репертоар беше издаден под името “Дно” за Југословенскиот пазар, под капата на `Take it or leave it records`

Heart Core е третиот албум на групата, издаден преку Трето Уво во април 1998. Албумот ја заокружи триологијата што Вртев ја беше замислил уште во почетокот. По издавањето на албумот, кон крајот на годината следеше работата на филмот Збогум на 20-тиот век на Ацо Поповски и Дарко Митревски.

Hail Über Makedonische

 
Останатиот аудио материјал од филмот, во главина инструментален, ќе се најде на следниот албум на бендот.

Заумна сило,

повторно

нурни ме длабоко

во сечиј сон

во сечиј дом

 

Небесна машина, издаден во 2003 година е четвртиот албум на групата.

Сè што останува е да се насмеам..

– Ристо Вртев

1000 Светла

Архангел

 
 
 
 
 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *