Уште од памтивек во различни светски култури постои идејата за крајот на светот како за некој виш суд за гревовите на човештвото. Некој е наклонет да им верува на древните пророштва, а некој не е. Најскептичкиот однос кон идејата за апокалипсата, секако, го имаат научниците. Во научната средина, сите пророштва за апокалипсата предизвикуваат само потсмев. Но без оглед на тоа, научниците од целиот свет забележуваат во последно време голем број факти кои сведочат за некои огромни – според своите димензии глобални природни промени од геофизички и од астрономски карактер. На нашата планета и во космосот некако одеднаш почнаа да се случуваат многу големи промени. Се појавува чувството дека природата како да се подготвува за некаков посебен период во нејзиниот „живот“… Се разбира, во научната средина не е прифатливо да се поврзуваат причините за овие промени со пророштвата за апокалипсата. Но научниците го констатираат фактот дека сегашните и идните природни промени ќе го отежнат животот на нашава планета. Зошто и како? На првото прашање науката досега нема одговор. Што се однесува до второто прашање, ни се нудат различни научни прогнози за иднината. Ако ги споредиме нив со претскажувањата на пророците и на јасновидците за апокалиптичните времиња што ни претстојат, тогаш ќе се добие една многу интересна слика…
Иако научниците не веруваат во апокалипса, сепак, според нивното мислење, не е исклучена можноста за некоја глобална природна катаклизма. Причина за тоа можат да бидат факторите како, на пример, поместувањето на географските полови на планетата и на Земјината оска, катастрофалното ослабување на магнетното поле на Земјата при преместувањето на нејзините магнетни полови и зголемената Сончева активност. Може да се каже дека псевдонаучните прогнози (официјалната наука не верува многу во таквите работи) за можните апокалиптични фактори, исто така, го додаваат и воздејството врз Земјата на новите планети со огромни маса и сила на гравитацијата, кои поради некои причини би можеле да и се приближат на Земјата во космосот.
Ќе ги разгледаме подетално овие фактори на хипотетичките природни промени.
ПОМЕСТУВАЊЕТО НА ГЕОГРАФСКИТЕ ПОЛОВИ
Еден од најверојатните фактори за идната катаклизма е поместувањето на географските полови на планетава. Во овој случај, Земјината кора може „да се лизне“ од површината на Земјината топка и заедно со себе да ги повлече „во непознати далечини“ ледените капи на географските полови. Во секој случај, постои една цела низа на геолошки, па дури и географски факти, кои сведочат за тоа дека слично таква „голема преселба“ на половите на планетава веќе се случила во далечното минато на Земјата, и тоа не еднаш.
„Вжештените глави“ сакаат да ги видат причините за светскиот потоп и за доаѓањето на ледената доба во таквото поместување на Земјината кора и во промената на географските полови на планетава. Но, ако „покривот“ на Земјата „замине“ заедно со половите и со сето останато што го има на неа, тука веќе ќе треба да се согласите дека останало многу малку и до поместувањето на Земјината оска. Планетава едноставно „ќе се претвори“ во вселената под тежината на поместените географски полови со нивните огромни ледени маси.
И еве ви ја апокалипсата во вистинска смисла на зборот!
Меѓутоа, врз основа на податоците од геомагнетните мерења, американските истражувачи Сејџер и Коперс сметаат дека такво нешто и се случило на нашата планета пред приближно 84 милиони години (плус, минус 2 милиони години). Според нив, Земјата во тоа далечно време се свртела во вселената за 16 до 20 степени. Овој процес се манифестирал на таков начин што Земјината кора во регионот на Атлантскиот Океан се поместувала од север кон југ со приближна брзина од 110 сантиметри годишно, движејќи се повеќе од 10 пати побрзо отколку што современите континенти се движат со денешното темпо на нивниот курс.
Која би можела да биде причината за таквата катаклизма?
Тука не може да се заобиколи идејата за судир на Земјата со метеорит или астероид.
Некои истражувачи сметаат дека теоретски, поместувањето на географските полови и на кората на планетава не е можно поради судирот на Земјата со голем астероид. Астероидот навлегува во Земјата, и под дејството на ударот, Земјината кора тивко „се лизга“ заедно со географските полови, а планетава го менува аголот на накосеноста на својата оска. Други научници, пак, ја оценуваат таквата можност за минимална, сметајќи дека такво нешто може да се случи само ако дијаметарот на телото со коешто ќе мора да се судри нашата планета, е поголем од 1000 км. Во Сончевиот систем, ваквите тела се ретка појава и можноста за судир на Земјата со нив денес е помалку веројатна.
Впрочем, постои друга хипотеза за можните причини за поместувањето на географските полови. Современите научници сметаат дека таа хипотеза му припаѓа не на кој било, туку на самиот Ајнштајн!
Своевремено, во печатот се наведуваат податоците според кои во 1953 година, т.е. две години пред смртта, Ајнштајн напишал дека на половите се случува постојано собирање на ледените маси, коишто несиметрично се разместуваат околу нив. Ротирањето на Земјата влијае врз овие маси и создава центрифугален момент кој се пренесува на цврстата Земјина кора. Постепено зголемувајќи се, овој момент ја достига точката која го предизвикува движењето на Земјината кора, односно на јадрото на планетава, што може да ги премести поларните региони кон екваторот.
Слични преместувања, исто така, неизбежно ќе ги предизвикаат катаклизмите.
Цела низа современи истражувачи сметаат дека поместувањето на географските полови е бавно, но по сé изгледа, се случува поради движењето на тектонските плочи за време на силните земјотреси.
извор: Нова Македонија