Лоза

Ѕверој, змии, гуштери…


Мистиката и окултизмот биле омилени области на повеќето големи рок ѕвезди од минатиот век. Во текстот Кралот на Гуштерите споменавме за Морисон и неговата опседнатост со древните Дионизиски мистерии. Змејот, како крал на гуштерите може да се забележи и на униформата на Џими Пејџ, гитаристот на Led Zeppelin.

Низ медиумите нема доволно информации за поврзаноста на овие два бенда, ниту пак за нивните окултни практики. Истражувајќи за истите, забележавме дека книгата со поезија на Морисон, An American Prayer е реиздадена од Zeppelin Publishing Company во 1975тата. Пред Led Zeppelin да станат популарни во САД, Џим Морисон ја регистрирал издавачката куќа Zeppelin. Двата бенда заедно настапиле на еден фестивал во Сиетл, 1969тата.

 
 

 
 

Led Zeppelin биле повлијаени од Вратите на Перцепцијата. Во 1996тата сепак изведуваат песни од the DOORS.

Доволно иронично, на нивниот reunion концерт во О2 арената во Лондон, 2007мата, Robert Plant се обраќа на публиката со зборови од Jim Morrison: Out here in the perimeter there are no stars. Продолжува со искажување на својата одушевеност од присутните од 50 земји, вели ова е 51вата – и почнува Кашмир. Во музиката од филмот Zabriskite Point, Pink Floyd свират верзија на Carefull with that Axe, Eugene – именувана како Come on in number 51, your time is up! Floyd и Zeppelin имаат уште една аналогија, Pink Floyd имаат албум The PIPER at the Gates of Dawn, а Led Zeppelin во Stairway to Heaven пеат The PIPER is calling you to join him; The PIPER will lead us to reason. За мистичниот Свирач (кавалџија, флејстист, гајдаш… – piper) во некоја друга прилика. За Месечината и бројот 51, исто така.
Опседнатоста со другата страна е потврдена и во филмот The Song Remains the Same (издаден 1976, официјално DVD на 31 декември 1999) каде што сцените со Џими Пејџ се снимани во неговиот замок кај езерото Лох Нес, чиј што сопственик претходно бил Алистер Кроули. Влијанието на Кроули се забележува и во самиот текст на Stairway to Heaven – it’s just a spring clean for the May Queen (May Queen e поема од Aliester Crowley). За човекот, самопрогласениот Ѕвер – Кроули, ве потсетуваме дека бил во потрага по ѕверот од библијата, една од причините поради која што откако ќе ги повикал демоните во замокот и ќе работел со нив, не ги испраќал да си одат, па така си креирал сопствени етерни ентитети. Во истиот филм, кога ја изведуваат Whole Lotta Love во Madison Square Garden, кон средината на песната може да се забележи како Роберт говори исти нешта ко Џим во Rock is Dead…случајно.

Четвртиот албум, Led Zeppelin IV aka ZOSO користи тарот карта за да ја претстави Дамата која што обезбедува скалила до рајот – картата Hermit. На плочата од овој албум се појавуваат четирите симболи, по еден за секој член соодветно. Во книгите за бендот се објаснети нивните значења. На сите, освен на она што луѓето го читаат како ZOSO, симболот/руните на гитаристот опседнат со змејови. Robert Plant наивно вели како Пејџ го најде симболот во некоја стара книга, не се сеќавам на неговото значење. Тоа е потполно различно од неговите изјави по несаканите случувања како последица на окултните дејствија. Но, кој бара и ќе најде – симболот го најдовме во Ars Magica, книга со алхемиски формули од 16от век…

Queen of Light took her bow, And then she turned to go,
The Prince of Peace embraced the gloom, And walked the night alone.

Oh, dance in the dark of night, Sing to the morning light.
The dark Lord rides in force tonight, And time will tell us all.

Oh, throw down your plow and hoe, Rest not to lock your homes.

Side by side we wait the might of the darkest of them all.

I hear the horses’ thunder down in the valley below,
I’m waiting for the angels of Avalon, waiting for the eastern glow.

The apples of the valley hold, The seeds of happiness,
The ground is rich from tender care, Repay, do not forget, no, no.
Dance in the dark of night, sing to the morning light.

The apples turn to brown and black, The tyrant’s face is red.

Oh war is the common cry, Pick up your swords and fly.
The sky is filled with good and bad that mortals never know.

Oh, well, the night is long the beads of time pass slow,
Tired eyes on the sunrise, waiting for the eastern glow.

The pain of war cannot exceed the woe of aftermath,
The drums will shake the castle wall, the ring wraiths ride in black, Ride on.

Sing as you raise your bow, shoot straighter than before.
No comfort has the fire at night that lights the face so cold.

Oh dance in the dark of night, Sing to the morning light.
The magic runes are writ in gold to bring the balance back. Bring it back.

At last the sun is shining, The clouds of blue roll by,
With flames from the dragon of darkness, the sunlight blinds his eyes.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *