Лоза

Убавината секогаш победува

 

Знаев дека се работи за опозициско делување и тоа е
повеќе од јасно дека е дел од политиката, но тогаш
не можев да разберам како може една опозиција да
биде толку терснограда и да оди до таму да шири
омраза за одредени зданија кои фасцинираат со својата уба-
вина. Тогаш тоа не го почувствував како атак на Владата, туку
атак на убавината. Се трудев во различни медиуми да објас-
нувам дека нашето Скопје, а кога велам нашето мислам не
само на граѓаните на Скопје, туку на граѓаните на цела Маке-
донија, ќе стане не само поубаво место не само за живеење,
туку место каде нема да се срамиме на гостите од странство
да им прикажеме дел од нашата култура, историја и тради-
ција.
Во меѓувреме се случи еден феномен. Јас тоа го чувству-
вав, но тогаш не можев, а сега можам да го објаснам. Тој фе-
номен е убавината. Како што почнаа да никнуваат интересни
скулптури на улица Македонија, како почнаа да се појавуваат
скулптури и споменици од едната и од другата страна на ре-
ката Вардар, така почнаа да се намалуваат и злите јазици за
Скопје 2014. Сега веќе ми е сосема јасно зошто е тоа така. Сно-
шти прошетав од Телекомот кон самиот плоштад. Кога стап-
нав на плоштадот пред споменикот на Димитрија Чуповски,
со погледот од мојата лева страна се покажаа прекрасните фа-
сади на Музејот, театарот и останатите згради кои сеуште се
во тек на изградба. Она што создаваше кај мене дилема како
може некој да ја напаѓа убавината, ми го потврди погледот на
фасадата на зградата над ,,Пелистер,,. Половина од фасадата
беше во барок стил, а половина во стариот комунистичко бол-
шевички стил. Се запрашав како може некој да ја напаѓа ед-
нава страна која е навистина убава, а да го брани оној другиот
дел кој укажува на едно мрачно, сиво и некреативно време,
време од кое се откажа цела југоисточна Европа.
Додека тоа го размислував,
до мене допораа звуците на еден валцер од
Штраус помладиот, кои доаѓаа од споменикот и од фонта-
ната, толку напаѓани од опозицијата. Тие напади до некаде
можам и да ги разберам кога се работи за луѓе од политичка
провиниенција. Но не можам да ги разберам моите колеги
кои се исто така членови на таа опозиција, како што јас не
кријам бидејки тоа е мое демократско право дека сум дел
од ВМРО ДПМНЕ, како тие мои колеги од театарската деј-
ност така жестоко ја напаѓаат убавината. А многу добро знам
дека некои од овие театарски дејци, кои често работат во
Белград и во Загреб, не им пречи барокот во тие градови,
ниту пак воинот на коњ во центарот на истите овие градо-
ви. Иако овие театарски дејци режисери често пати се гости
во медиумите и во Белград и во Загреб, никогаш не сум ги
слушнал во тие емисии да го напаѓаат барокот во градови-
те каде што се гости, или пак да го напаѓаат воинот на коњ.
Меѓутоа устите им се полни со омраза само кога се работи
за центарот на сопствениот град. За ваквото однесување на
некои театарски дејци никогаш не најдов разбирање зош-
то е тоа така, но тие самите сигурно во своите глави имаат
некаков одговор, се надевам. Меѓутоа она што посебно ме
радува и што сакам да го нагласам во оваа моја колумна е
впечатокот кој го имав сношти на плоштадот. Бев меѓу многу
луѓе кои уживаа во содржините на плоштадот, пензионери
со своите внучиња седеа до самата фонтана, тинејџери се
фотографираа покрај ,,бикот и шмизлата,, туристи ги фотог-
рафираа македонските револуционери…
А сега би сакал да кажам збор два за зборот кој излезе
од арсеналот на омразата, со кој многу се манипулираше, а
кој сега воопшто не го слушам, а тоа е зборот ,,антиквиза-
ција,,. Кога бев прашан што значи антиквизација, на смеа
кажав дека се работи за осмислена тиквизација на маке-
донскиот народ од страна на опозицијата. Да го тиквизира-
те еден народ, тоа значи да го убедите дека нема мозок во
неговата глава, да му ги избришете фактите и да го лажете
со нешто што тој народ и не е должен да го знае. А тоа зна-
чи следново – како аргумент за антиквизација неколкумина
интелектуалци блиски до опозицијата го користеа фактот
дека неколку згради од проекотот 2014 имаат антички стол-
бови. Меѓутоа ако ја погледнете Белата куќа во Вашингтон
ќе видите дека и неа ја красат антички столбови. Па зарем
Белата куќа е синоним на антиквизација? Можеби нашиот
народ не знае, а и не мора да знае дека античките столбови
оставиле белег во светската архитектура, но многу добро
знае кога некој се обидува да го манипулира. Исто така се
манипулираше дали низ Триумфалната порта ќе помнину-
вале воини победоносци. Но бевме сведоци дека низ оваа
Триумфална порта поминаа нашите кошаркари овеначани
со слава и горди на својата земја. Преполниот плоштад за
нивниот пречек исто така беше доказ дека неколкумината
сеачи на омраза против убавината се малцинство, а маке-
донскиот народ покажа дека си ги сака своите спортисти,
но пред се знае да ја почувствува убавината. А оние десе-
тина или дваесет мои колеги, кои толку жестоко го напаѓаа
Скопје 2014 сигурен сум дека ќе бидат многу брзо забора-
вени, но би сакал идните генерации да знаат дека не и било
едноставно на убавината да победи. Затоа да ги заборави-
ме сите тие зли јазици, да му се радуваме на животот, да и
се радуваме на убавината, да ги мотивираме младите гене-
рации да ја ценат и да ја сакаат убавината и да бидат кре-
ативни, да создаваат нови убавини, а деструкција на оние
неколкумина што ги спомнував во оваа колумна да заминат
во историјата онака како што се појавија, неславно… Засега
од мене толку, Бранко Ѓорчев.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *