Според начинот на градба, пропорциите на камењата, локацијата и информациите за древните народи на овие простори, станува збор за една од најстарите и најмистериозни градби во светот.
Истражувачот на балканските мегалити, Домагој Николич од Хрватска, минатата година ги измери одделните делови на огромната формација. Според неговите проценки, долните камења се тешки околу 20 тона…
Не може да се даде никаков заклучок за мистичниот “Ѓаволски” Ѕид, останува на времето да го открие превезот на непознатото. А до тогаш, ќе зјапаме стоејќи пред истите, простум со прост ум.
Мегалит – μέγας (мегас), што значи голем, и λίθος (литос), што значи камен. Кога ќе се каже дека нешто е мегалитско, на пример гроб, опсерваторија и слично, се подразбира дека е направено од прилично огромни камења кои се употребени за да се добие голема камена структура – споменик.
Ги има насекаде во светот…