Бил у Галлии некој цар, прва жена му умрела, што му е била родила една дштерка, многу красна и прилична девица, ѝ нарекли име Мариа. И по това после царот се оженил пак за друга и таја била многу хубава, ама колку со снага хубава, толку сос душата лоша и груба, и завидела, сакала да нема друга жена како неа хубава. И видела незина пасторка зашто ќе да биде похубава от неа, и ја научил дјавол да ја убие. И отишел царо далеко. Она тогива нашла време и рекла на един измеќар: „Сакам да ми учиниш една љубов, ама никој да не знае, и ќем да ти дадем што ти е најмило“. А он се заклел да учини това што ќе да му рече. Тогива му она говорила: „Првата жена царева родила оваја девојка, ама не е сос него, ами сос некој друг човек зол, зашто е от лош татко, затова и она сè лошо чини, сака да посрамоти царскиј дом. Утро да ја земеш и речи ѝ како да ја водиш на теферич, и отведи ја у планината да ја убиеш. И за нишан да ѝ отсечеш руките, да ги донесеш.“
И у полношт ја собудила царицата девојката и ѝ рекла: „Иди, Марие, напред, и ја по сахат после ќе дојдем по тебе.“ И така ја качили на една кола и ја завели у пустиња. А она се сетила зашто е лажа, от што била многу разумна, и се бојала от Бога, и се дигнала и погледнала на небо, и се молила со слзи и говорила: „Владичице моја Богородице, ја немам друга помоштница, салт благодат твоја, — и да им платиш на тија што чинат неправо.“ А тија што ја водиле рекле: „Не бој се, не ти чиниме ништо.“ А она говорила: „Зашто ме лажете? Маштеха моја ме излагала и ме дала на ваши руки да ме убиете, ама се надејам да ви оврне вам Бог за такво беззаконие. Ви се молим да ме не убиете бирден, ами да ме почекате, докад да си учиним душата моја теслим Богу.“ И они отговориле: „Кога си знала ти това, добро би било да не си пошла сос нас. Нити би погинала, ни ние би у такво беззаконие паднали. А сега ќе да учиниме това што ни е рекла маштеха ти.“ Говори она: „Не боите ли се вие Бога, да ме убиете без кабахат? Да знаете право, такова беззаконие ќе да се јави, ни пак ќе да ви се остави праведниј судија без наказание, ами ќе да ви отврне и вам, и на онаја немилостива ѕверица. А ако сакате да се куртулисате от овој грех, оставете ме овде у планината жива и речете: ја убихме. Похарно да умрем овде сама от глад и вие да не си утопите руките ваши у крв безгрешна и права.“
Тако им говореше Мариа сос слзи и ним се нажалило и рекле ѝ: „И нам ни е жал и би те оставиле жива, ама ни е рекла маштеха ти да ѝ отнесеме твоите руки за нишан. А ако тако не учиниме, нас ќе да ни убие. И да те оставиме жива, ама ѕверове ќе да те изедат.“ Говори она: „Горко и това и това. Ама имам барем мало утеха да ме изедат ѕверове а не човек, и вие ќе да бидете без кабахат от мојата крв. И ви заклинам вас у имја пресвјатија Богородици, што е родила истиннаго Бога и судију всјех, немојте ме убивати. А ако сакате моите руки да ги носите за нишан, а вие отсечете ми руките и носете ги.“ И тури си руките на едно дрво и ги отсекле и ги отнесле на царицата, и им дала многу дарове.
А жалостна Мариа останала полумертва, и немала кому да се надее, ни хекимџија имала, но имала имја пресвјатија Деви на ум, това имала и устата не можела да си отвори от големи жалби и болести. И нè била сосем оставлена, ами манием Божиим нашла помошт. Некое момче от добра рода поминало тамо заради лов и Бог го научил, дошел близу на това место дека е била Мариа, и чул стенание, и така потрчал на глас стенанија и нашел та девојка. И се чудиле сичките, што је се учинило така, и питало ја момчето: „Што е таја работа на тебе?“ А она не му отговорила ништо, ами текле је слзи от очите и учинила ишарет да ја поможат нешто. И рекло момчето на слугите: „Сега не е време да је испитуеме. Нас ни донел овде Бог заради неа. Земете ја да ја отнесеме дома.“
И ја отнели дома, и излекували раните, и сичките се чудиле на нејна хубост и како разумно ходила. И многу пати ја прашале чија е дштерка и зашто са ѝ отсекли руките. А она не отговара ништо ами молчи како нема. И момчето ја возљубило и зборило на татко си да му земе таја за жена. И му рекл татко му: „Чедо, нам требува да земеме девојка на наша прилика, а ти сакаш неја — не салт што е без руки, ами Бог знае каква е некоја сељанка и за кој кабахат ѝ отсекли руките Това ќе да ни е на срам.“ Рекло момчето: „Отче не може да биде таја хубост и таја разум на проста рода. Она се види да е царскиј род. Ама ако би била и от проста рода, ја неја сакам а друга ниедна.“ Видел татко му зашто се не оставја от неја и по закону венчал го сос неја.
А цар незин татко паднал у голема жалост за неја, што се е учинила прељубезна дштерка негова. А царицата му рекла да е побегнала скришом; у ношт. А царот плакал и не могл да се утеши, и имал шубе на царицата, ами молчал и тражил на секиј вилает и писал на сите страни да се собера сите негови царски човеци, да Играјат сос коњи да се малку развесели от таја жалост. Дошал хабар и на свекор Мариин да иде тамо, а син му рекл: „Отче, ја да идем на твое место, а ти чувај моја невеста како мене, и ако роди докад не сам дошел, чувај и неја и детета.“
Отец го благослови и прати го да иде сос Божија помошт. И тамо се показал пред другите јунак, и разумен, и сите го похвалили. И го видела таја лукава царица, и сакала да го заљуби, и викнала еден негов слуга и питала го: „От дека е твој господин и има ли жена?“ Тој негов слуга казал је сичкото како е било, како нашел една девица без руки, и какво лице имала, и сичкото. И у това време дошла му книга от татко му, зашто родила жената му две деца мажки. Тогива таја зла царица се уплашила. Зачат болезн и роди беззаконие. И викнала при себе тој што донел книгата и го питала за сите работи што са жали тамо, и дала му дар и рекла му: „Кога ќе да си идеш, да ми се кажеш.“
И така момчето отписа на башта си, благодари му и радова му се, и пак на него оставја и невестата и децата дури да си дојде. И человеко зема книгата и отиде да се каже на парицата. Она му тури трапеза да го гости, и напои го, и извадила му скришома книгата што му ја дал негов господар и турила свое писмо какво да го е момчето пратило на татка си, така написала: „Отче, да знаеш зашто таја моја жена била дштерка на еден лош человек убијца и за нејни лоши работи пресекле еи руки. И тија деца не се мои. И ти се молим, какво прочиташ таја моја книга, у тој час да ја убиеш сос децата заедно. И ако чуем дека не е убиена, неќем да дојдем дома.“
Кога дојде писмото на татко му у руки, и прочитал го, и многу му се нажалило, и не знал што да чини. И прашувал свои пријатели што да чини, а они му рекли да не ја убива, ами, да ја прати тамо дека ја нашол син му и тамо да ја остават на Бога. И така учинили. И пак пратил книга на сина си и му казал да е учинил какво му рекл.
А она сирота останала сос децата у онаја планина у голема жалост и туга. Жалила помногу да умре, а не да гледа децата да умират. Плачејќи видела една патика мала и земала децата под мишките и отишла по онаја патика и нашла еден старец у една пештера. Кога ја видел старецо, се уплашил да не е дјаволска работа. И кога разбра нојната страданија, пожали ја и уведе ја у пештерата, а он се пресели на друго место. Сакиј ден носеше ѝ корење от тија што јадеше сам и нагледуваше ја.
И по неколку дниј дојде момчето дома и разбра што са уработили. Плачеше горко, и така појде да ја тражи. И мислил, и говорил: „Се надејам на пресвјата Богородица, зашто не ќе да ја остави, како и прво што ја не оставила зашто имала голема надежда на Богоматер. И у таја ношт јавила сја Богомати на Мариа у видение и рекла ѝ: „Утре ќе да дојде твој муж верниј да те води дома, и ќе да ти престанат тија муки и неволи за терпение твое и вера твоја што имаш на мене.“Отговорила Мариа: „Благодарим ти, Владичица моја, ти не ме оставјаш у неволи мои. ма како можем да имам совршена радост кога сам без руки? Ами пак не се оставјам, на тебе се надеем.“ Tако говорила сос смирение. Чуе Владичица и говори на Мариа: „Земи си твоите руки. Благодатију сина моего ти се даруват. Кои ме љубат и кои прибегнуват под покров мој, сите добри работи зимајат и и мене дарујат.“И у тој час Мариa види свои руки цели и здрави како и прво, когa биле неотсечени. И кој може да изрече онаја радост и веселие. И сета ношт стојала и чинила благодарение Богоматери, и читала „Богородице дјево радујсја“ како и секиј пат имала хадет, с великим умилением и сокрушением срдца.“
На утрото дошел мажот и и ја видел, и се поклонил, и ја пригрнал от радости, и не може да проговори от плач. А кога ја видел сос здрави руки разумел зашто е това добро учинила пресвјатаја Богородица, прослави Бога и пресвјатују Богородицу, и се вратиха дома сос неизречена радост. И башта му учини праздник на пресвјатаја Богородица, да празднува момчето осм дена и да се весели. И собираха се сичките пријатели нихни и чудеха се и прославјаху Бога и пресвјатаја Богородица.
Потова после потражи и фана да испитува господара за онаја лажовна книга. Тогава Мариа фати да кажува кој е себеб бил на нојната мука и страдание, и рекла: „Досега сам таила, но ако е волја Божија сега ќем да кажем, — зашто сам јазе на вашио цар ќерка, ама ми завиде маштеха ми, та сам това потеглила. Ама пресвјатаја Богородица, царица небеснаја, не ме остави да ми се радуват моите душмани, ами ме избавила от сичкиите мои жалости. И сега чинете хабер на моего отца, да знае зашто сам се нашла, дури ние пристигнеме тамо.“
И тогава ја тија познаха зашто е на нихнио цар ќерка. И тогава тие благодариле Бога зашто се удостоили да имат у дом свој царска ќерка. И тогава тамо сите што биле се зарадоваха, и се поклониле и учиниле еи царска чест. И у тој час пратиле хабер на царо, и сами пошле да идат тамо. И третиј ден дошли до царскиј град, и царо изшел сос неговите бољари на срешта, и кога видел неговата љубезна ќерка, притрчал и ја пригрнал како татко сос радост и сос слзи.
Како чула таја лукава царица това и се скрила, а царо кога разбрал како што учинила царица негова, заповедал да накладат огн, да ја изгорат жива. И учинил зета си да е цар, и по негово умирање зет му да царуе. Тогава дошел и татко му да се весели сос царо и сос сина своего. И сичките роднина и пријатели благодариле Бога и пресвјатаја Богородица и ѝ направиле црков заради да се знае до века, и празднували праздници Богородични. И така царица Мариа чинила сички добри работи и давала – милостињу на сиромаси и говорила им: „Овија руки не са мои, ами си ми дарова небеснаја царица заради нејна голема милост, и не е харно да се лениме, кога искаме да чиниме добри работи.“ И така царица Мариа поживејала дури остарела сè богоугодно, и прешла у вечнија обители. Слава Богу и Богоматери, да и ми сподобимсја получити, тој дар, во веки веков, амин.
– од Јоаким Крчовски