Превземено

Слободни Ѕидари во Белград по 82 години

 
Денес 250 масони од 20 европски држави се собираат на конференција на Обединетите големи ложи на Европа, во Белград, која ќе трае два дена. Како што јавува Блиц, европските масони доаѓаат во Белград по цели 82 години
Блиц ги пренесува изјавите на големиот мајстор на Големата национална ложа на Србија која е организатор на собирот, Драгослав Павловиќ. Според него, на собирот ќе дојдат луѓе кои „ во своите земји заземаат значајни функции, политички и економски, но нивните имиња на луѓето не им значат ништо“.
Во Белград се високите мајстори на големите ложи на Франција, Италија, Романија, Бугарија, Русија, Унгарија, Шпанија, Чешка, Молдавија и т.н.
Во првиот работен дел на состанокот ќе се сретнат меѓу 30 и 50 лица, а вториот ден на вечерната прослава ќе учествуваат уште околу 200 гости.
Белград е избран за место на собирот бидејќи годинава се навршуваат 100 години од основањето на Големата ложа на Кралството Србија, која заедно со уште две француски ложи ја основала Европската ложа – појаснува српскиот масон кој годинава ќе го заокружи мандатот и ќе ја отстапи должноста – големиот мајстор.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *