продолжува од
Затоа и кога умрел, кога ги победил сите царства, кога видел дека му дале да го испие слаткиот отров, рекол:
– Денес испив чаша слатка и горчлива!
– Што се случува, Ваше Височество?
– Умирам!
Се собрале филозофите, генералите, царевите, и тој им рекол:
– Не се плашам од смртта! Верувам во едниот Бог, како што ме научи еврејскиот архиереј, кога ја покорив Палестина. Тој ми кажа дека Бог е еден. Како се вика вашиот Бог? – го запраша архиерејот.
– Еден е Бог, Кој ги создаде небото и земјата. Неговото име е Саваот!
– Што значи Саваот?
– Господ над војските.
– Дали управува и со војските долу, на земјата?
– Не се грижи, Ваше Височество! Он управува со небесната војска. Со него не можеш да се мериш. Нему јас му се поклонувам.
Така Александар Македонски Го познал Бога и започнал да биде милостив. Кога требало да умре, го запрашале генералите:
– Ваше Височество, од што да го направиме гробот? Од мермер? Од злато? Од скапоцени камења, од рубин, од оникс? Сите скапоцени камења ги наброиле.
А тој пак, одговорил:
– Ако е смрт, ништо не е! Да не ми правите гроб од злато или скапоцени камења. Туку да ми направите гроб и ковчег од камен, и да не ме облекувате во златни облеки. Туку, едноставно како обичен човек. И да направите два отвори на ковчегот, едниот од левата, а другиот од десната страна.
– Зошто да го направиме?
– Тука да ги протнете моите раце и да ги оставите празни, сите да видат дека ништо не земав со себе по смртта.
продолжува
0 Comments