Лоза

Жезолот на Мојсеј

Постои еден стар запис во кој пишува дека жезолот на најголемиот старозаветен пророк Мојсеј извесно време се чувал во Македонија (конкретно во манастирот Дохијар на Света Гора). Ваквиот податок е спомнат во  патеписот на рускиот епископ Порфириј Успенски од 1858-1861 година. Епископот извесно време престојув ал на Света Гора. Кога стигнал во манастирот Дохијар, како на руски епископ, кој дошол да ги посети угнетените христијани, му било соопштено за сите реликвии што се чуваат во овој манастир. Помеѓу другото му било кажано дека таму се чува чудотворниот жезол на Мојсеј, со кој тој, своевремено со божја помош, ги направил познатите чуда опишани во Библијата. Подоцна епископот Порфириј Успенски во Москва објавил свој патепис, во кој, овој настан го опишал со зборовите:
“Го молев ризничарот на садовите да ми го покаже чудотворниот жезол на Мојсеј , и после колебливите одговори на овој старец, ја видов таа реткост. И, што ли е тоа?  Тоа е тркалезна палка со косина во вид на латинската голема буква Q, направена од некаква лушпеста материја.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *