Во 12тата година од 21от милениум петок 13ти е три пати. Годинава почна со петок 13ти во јануари, Велики Петок е 13ти во месецов и во јули има уште еден. Меѓу секој од овие петоци има по 13 седмици. Веќе досадниот календар на Маите престанува на 13от бактун, кој што наводно го пресметале дека завршува годинава. За да не дојде наредната, 13та по ред?
А, додека цело Скопје ја чека 2014та, може да се потсети на петок, 13ти октомври 1307 година – масовно апсење на Темпларите, наредено од кралот на Франција Филип Четврти. Ги обвинил членовите на ова друштво за ерес, разврат, различни недоличности и хомосексуалност. За виновни биле прогласени само во Франција и во ниедна друга земја. Стотици витези, војници, свештеници и останати темплари биле затворени или убиени. Ова е само уште една историска случка поврзана со “несреќниот” Петок 13ти. Маскирани со крстот, овие витези ги почнале нивните т.н. “свети” војни 2 века порано, напаѓајќи и палејќи го замокот Montsegur во Франција, каде што живееле “најголемите еретици” – Катарите, потомци на нашите Богомили.
Во филмот Тајната Книга се споменува едно предание за крстоносците и Голем Град…