Во 12тата година од 21от милениум петок 13ти е три пати. Годинава почна со петок 13ти во јануари, Велики Петок е 13ти во месецов и во јули има уште еден. Меѓу секој од овие петоци има по 13 седмици. Веќе досадниот календар на Маите престанува на 13от бактун, кој што наводно го пресметале дека завршува годинава. За да не дојде наредната, 13та по ред?
А, додека цело Скопје ја чека 2014та, може да се потсети дека friday од англо-саксонски води корен од Фриг, божица во Нордиската митологија. Таа била жена на Один, кралот на боговите – божица на љубовта и бракот. Кога се родил син им, богот на светлината и доброто – Балдер, Фриг ги натерала сите живи организми да се заколнат дека нема да го повредат најомилениот меѓу нив. Сепак, како случајно пресметала дека едно мало растение е премногу кревко за да го повреди син им, и не му побарала заклетва. Во нордиската митологија, боговите живеле во рајот наречен Валхала. Таму, една ноќ пред вечерата, откако Балдер имал серија кошмари, лукавиот Локи преобразен во млада девојка ја прашал Фриг дали навистина таа направила сè за да Балдер остане жив засекогаш. Откако Фриг одговорила како на запад од Валхала имало една билка која што сепак е опасна за измачениот сонувач, и рекла на девојката дека е премногу млада за да го добие одговорот. Тогаш, на софрата на 12те бога се појавил непоканетиот Локи. Навредувајќи ги сите, вклучително и Один, создал вистински хаос на вечерата. Успеал безмилосно да го измами слепиот Ход, богот на темницата, така што откако го прашал зошто во хаосот не фрла ништо кон Балдер, а тој одговорил дека од кај бидејќи е слеп и неможе да го види, па и нема ништо при рака за фрлање, Локи му дал гранка од отровната билка и така овој си го убил сопствениот брат. Локи бил врзан за век и веков, а земјата паднала во темнина…
Ден денес во Франција има агенции кои што нудат quatorzieme, четиринаесетти човек, доколку по некоја случајност на вечера се соберат 13 души.