Лоза

Марш за Мир – одлично и по малку збунувачко

Значи, сакате мир, но не сте подготвени напорно да работите за да го постигнете? Сакате мир, но не сте подготвени да соработувате со вашиот сосед, што навистина не ви се допаѓа, а камоли да го сакате? Тоа нема смисла. И не можете да го постигнете бидејќи е невозможно да се постигне.
Минатата недела, според извештаите, илјадници Македонци од сите етнички групи маршираа за мир во Скопје. Одлично. Јас претпоставувам дека повеќето од нив сепак ја утнале поентата. Според новинската агенција УПИ (United Press International), организаторите на собирот изјавиле: „Ние сме за мир! Ние сакаме да живееме едни со други, не едни покрај други.“ Сето тоа е одлично. И по малку збунувачко.
Да ја разгледаме првата изјава „Ние сме за мир“. А добро, кој не е? Тоа е како да кажеш „Јас сум за чист воздух и за чиста вода“. Се разбира дека си. Затоа, однадвор гледано, фразата „ние сме за мир“ е навистина празна. Да погледнеме подлабоко. Што навистина мислат луѓето кога велат „ние сме за мир“? За повеќето мирот е отсуство на војна, отсуство на конфликт, отсуство на судири. Но мирот е многу повеќе од тоа. За да откриете, продолжете со читањето. Ајде да ја видиме втората изјава. „Сакаме да живееме едни со други, не едни покрај други.“ Го разбирам значењето, но навистина ова е во спротивност со претходно реченото.
Значи, сакате мир, но не сте подготвени напорно да работите за да го постигнете? Сакате мир, но не сте подготвени да соработувате со вашиот сосед, што навистина не ви се допаѓа, а камоли да го сакате? Тоа нема смисла. И не можете да го постигнете бидејќи е невозможно да се постигне. Друго, и повторно според УПИ: организаторот Ана Јовковска изјави за Танјуг дека настанот е организиран за да покаже дека многу Македонци сакаат да живеат заедно со другите етнички групи: „Сакаме пацифизам, љубов, пријателство и не сакаме насилство и манипулации. Преку глава ни е од политички игри бидејќи сакаме да живееме заедно во мир.“
Ќе полемизирам малку со Ана околу изјавата „сакаме пацифизам“. Причината поради која државите мора да имаат активни армии е фактот дека многу луѓе во светот не се пацифисти и дека историјата на светот се заснова на конфликти и на освојувања. Постојат луѓе што сакаат да н` убијат (радикалниот ислам е само еден пример) и ние не можеме да си дозволиме да бидеме пацифисти. Во спротивно, ќе бидеме мртви пацифисти.
Да продолжиме. Според други медиуми, имало „настапи на музичари од сите ентитети, а атмосферата ја подигнале звуците на Imagine, познатата песна за мирот на Ленон, и на One Love на Боб Марли. Отсекогаш сум ја мразел Imagine. И тоа поради стиховите. Сте се обиделе некогаш внимателно да ги слушнете? Ленон бара од нас да замислиме свет без рај, пекол, држави, религија и без нешта што ги поседуваме. Тој бара од нас да замислиме како би било кога сите луѓе би живееле за денес и да замислиме дека сите луѓе живеат во мир. Замислете сите луѓе да го споделуваат светот.
Ако веќе седиме во круг фатени за раце и пеејќи невозможни песни, тогаш зошто да не пееме за тоа сите да бидат богати? Или убави? Или атлети? Тешкиот, студен и брутален животен факт е дека постои грев бидејќи човештвото го отфрли Бога и поради тоа и постојат сите тие маки по светот: глад, алчност, кражби, лаги, војни, убиства, грабежи, силувања и што уште не. Седењето и пеењето песни за тоа дека тие маки не постојат не прави ништо за да ги снема. Исто како и цивкањето „ние сме за мир“.
Сега, не сакам да ги омаловажувам тие што учествуваат во маршовите за мир или во кој и да е друг настан на кој се промовира мирот. Тие се во ред, но премногу луѓе учествуваат во овие настани мислејќи дека ќе помогнат само со тоа што ќе учествуваат. Тоа нема да се случи. Тие исто така веруваат, погрешно, дека мирот значи отсуство на војна и на конфликт, а мирот е нешто многу позначајно, подлабоко и многу поисполнувачко.
Во старозаветниот Псалм, 85:10, се вели: „ Љубовта и вистината ќе се состанат, правдата и мирот ќе се прегрнат“. Авторот ни кажува дека мирот е резултат на праведноста и дека љубовта и приврзаноста создаваат праведност. Со други зборови, не може да има мир без пред тоа да има праведност. А не може да има праведност ако првин нема љубов и приврзаност. И што е втората најголема заповед? Сакај го ближниот свој како што се сакаш себе си. Овој принцип го има и во Стариот и во Новиот Завет при што Стариот Завет е Свето писмо за Евреите и за христијаните и литературно дело на кое може да се огледаат другите од трите светски монотеистички религии.
Ако навистина сакаме да постигнеме мир на светот – и тука под мир подразбирам не само отсуство на војна, туку и хармонија, спокој и ослободување од несогласувањата меѓу нациите и меѓу соседите- тогаш мора првин да трагаме по праведноста. А праведноста можеме да ја постигнеме само ако првин научиме да ги сакаме ближните како што се сакаме себеси. Повеќе за тоа што значи да си го сакаш ближниот, следната недела.
извор: ДНЕВНИК

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *