Лоза

Вечер: Струја може да потече и од лозови гранки

Македонија е една од ретките земји во регионов која многу малку ја искористува биомасата во енергетскиот сектор за производство на електрична и топлинска енергија, иако располага со големи количини земјоделски отпадоци, но и ѓубриво како отпад од шумите. Во земјава цената за производство на електрична енергија од биомаса и биогас изнесува од 110 до 150 евра за мегават час. Оваа цена и не е толку ниска, покрај тоа државата дава и субвенции, но сепак мал е интересот за вакви инвестиции.
Од Агенцијата за енергетика на Македонија потврдуваат дека во услови кога имаме можност да се искористи потенцијалот на биомаса и биогас, експлоатацијата е на многу ниско ниво.
Според Лазар Гечевски, директор на Агенцијата за енергетика на РМ, значителен дел од отпадот, дури 30 отсто, останува во шумите, меѓу стеблата на дрвата кога се сечат.
-Може да се искористат и виновите прачки како и овошните гранки, а тоа ќе овозможи и голем број вработувања во земјава – смета Гечевски и појаснува дека покрај финансиските придобивки значајни се и човечките придобивки, бидејќи многу луѓе кои живеат во руралните средини ќе бидат вработени за собирање на тие отпадоци за да ги доставуваат до најблиските централи за правење на електрична и топлинска енергија.
Овие објекти треба да се направат на микролокации, оти транспортот на биомасата не треба да биде поголем од 25 километри. Тие можат да бидат секаде каде што има шума, каде што има земјоделски површини. Инвестицијата во вакви објекти не е за занемарување, но бенефитот е голем и го враќа вложеното.
Објект со инсталирана моќност од еден до два мегавати чини и до неколку милиони евра.
-Во Македонија може да има многу вакви објекти, но генерално има два проблеми. Едниот се секако парите како инвестиција затоа што ниедна банка нема да застане зад инвеститорот. Во минатото многу од инвеститорите не знаеја дали ќе имаат повластена цена на струјата – укажува Гечевски. Според него банката сака да има препознатлив бизнис-план, односно цената на објектот ако е 6 милиони евра, тогаш еден до два милиони се потребни за репроматеријали и прагот на рентабилност доаѓа од пет до осум години во зависност од тоа за кој обновлив извор на енергија станува збор и колку има човечки ресурси.
Гечевски посочува дека треба да се има податокот дека човечките ресурси во Македонија се проблематични, бидејќи од една страна имаме многу невработени, а од друга страна никој не сака да го работи тоа.
Во регионов има многу вакви централи, особено во Бугарија, Босна и Херцеговина, во Србија, Словенија и работат многу добро. Во Словенија е направено централа за производство од биомаса до фарма за орхидеи. Тие ги обезбедуваат инвестициите преку банкарски кредити, но и знаат дека имаат филинг тарифа.
 
Извор: ВЕЧЕР

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *