Вашингтон, 30 март 2012 (МИА) – Повеќе од половината од сите канцерогени заболувања можат да се превенираат, тврди новата студија која ја спроведоа истажувачи од универзитетот од Вашингтон.
– Имаме огромен број податоци за причините на ракот и негова превенција. Време е да вложиме средства и да го имплементираме знаењето, изјави Грахам Голдиц, директор на Центарот за превенција и контрола на ракот.
Врз основа на достапните податоци, пушењето и исхраната, како и комплетниот начин на живот значително влијае на заболување од рак. Само пушењето е одговорно за третина од сите случаи на рак во САД, а на прекумерната телесна тежина и претилост отпаѓаат 20 отсто од случаите.
Како најголеми пречки за успешна превенција на ова заболување лекарите го наведуваат скептицизмот дека ракот може да се спречи, доцна откривање на болеста и истражувањата со акцент на лекувањето, а не на спречувањето.
Се проценува дека секоја година во САД се евидентираат 1.639.910 случаи на карцином, а повеќе од половина милион Американци очекуват да умрат од рак оваа година. Само од болести на срцето умираат повеќе луѓе.
Голдинц и неговиот тим сметаат дека сите сили е потребно да се насочат во промовирање на здрав стил на живот и заговарање за брзо укинување на трансмастите од употреба, како и поголема контрола во тутунската индустрија.
– Ако сакаме да го смениме здравјето, мораме да ја смениме политиката, тврдат американските истражувачи.