Рудното богатство на Косово се повеќе ги привлекуваат странските компании. Вредноста на резервите на разна руда, експертите ја оценуваат на 1.000 милијарди долари. До сега се испитани околу 19 милијарди тони јаглен, со чие согорување може да се произведе струја за цела Европа во следните сто години, пишува „Балкан Магазин“ од Белград.
Рудното богатство што се уште до крај не е истражено на Косово, последните години го свртува вниманието на домашната и светската јавност. Се зголемува бројот на странски компании кои се бават со проценки на постоечките и потенцијални рудни наоѓалишта во јужната српска покраина.
На странците најинтересни се резервите на благородните и ретки метали – сребро, злато, платина, индијум, германиум, талиум, селен, телур, рубидиум, кои се користат во новите технологии, во авионската и ракетната индустрија.
И додека светските експерти оценуваат дека вредноста на наоѓалиштата за цинк, сребро, олово, никел и уште неколку т.н. стратешки руди на Косово ја надминува вредноста од 1.000 милијарди американски долари, професорот на Техничкиот факултет од Приштина со привремен престој на Косово и експерти на Електрокосово, наведуваат дека подеднакво значајни се и резервите на лигнит.
Според тврдењата на многу соговорници, на подрачјето на Косово сега се испитани околу 19 милијарди тони јаглен со кој може да се осветлува цела Европа во следните сто години.
– Иако резервите на лигнит се испитани на подрачјето на централниот дел на покраината, се претпоставува дека многу повеќе ги има на подрачјето на Метохија и во околината на Качаник, вели Златибор Ѓорѓевиќ, поранешен претседател на Синдикатот на Електростопанство на Косово.
Богатство
Резерви на олово-цинкова руда се наоѓаат во рудниците Ајвалија, Кишница и Стари трг, а се проценува дека во рудникот Ново Брдо има бакар и злато, а бакар и манган се простираат ширум Проклетие. Бокситна руда се наоѓа во околината на Клина, додека на пример, резервите на фероникел во околина на Глоговац се проценуваат на 15 милиони тони. Истовремено, на подрачјето на Ѓаковица и Ораховац се наоѓаат лежишта на хром, а магнезит на Голеш, објаснува за Новости професорот на Факултетот за Технички науки во Приштина.
Извор: Курир