Македонско „национално-сепаратистичко” културно-литературно и ослободително движење сред младата македонска интелигенција и емиграција во Бугарија што се појави како тенденција кон крајот на 80-тите и се изрази во почетокот на 90-тите години на XIXв., именувано по насловот на сп. „Лоза” (1892), орган на Младата македонска книжовна дружина во Софија.
Поради сепаратистичките идеи и активности, тоа беше јавно напаѓано и брутално прогонувано од властите и прерасна во други идејни и револуционерни форми, станувајќи основа, меѓу другото, и за формирањето на Македонската социјалистичка група и на Македонската револуционерна организација (1893).