избор

Македонија во слики (1923та година)

Македонија во слики (1923) Документарен филм
Сценарио и реализација: Арсениј Јовков
Филмот е снимен во 1923 година по повод 20-годишнината на Илинденското востание

Најзначаен дел од филмот се документарните снимки направени на 2 август 1923 година, на коишто е регистрирана процесијата на пренесувањето на саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од куќата на Михаил Чаков кон катедралната црква Света Недела во Софија, каде биле положени за поклонение, а потем погребени. Во филмот, покрај снимките на поворката, која ја сочинувале свештени лица, роднини и пријатели на Гоце Делчев, членови на Илинденската организација и на македонските братства во Бугарија, неколку пати во крупен план е даден саркофагот со моштите на Гоце Делчев, на кого е запишано:
„Ги заколнуваме поколенијата што доаѓаат светите коски да бидат погребани во столицата на независна Македонија. Август 1923, Илинден“.

 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *