изборПревземено

Масоните во Македонија

Македонските масони биле вклучени во Илинденското востание, во Младотурската револуција, па и во признавањето на Македонија за членка-кандитат за Европската унија. Поранешниот претседател Киро Глигоров во 1997 година го доби одликувањето Малтешки крст, што го доделува калуѓерско-витешкиот Ред на Свети Јован Ерусалимски. Денес, степенот “Витез на Малта” е дел од хиерархијата на Јоркшкиот масонски ритуал.
За македонската самостојна ложа агенциите почнаа да информираат од декември 1994 година. Некои тврдења се дека таа е формирана на 15 октомври 1996 година. Во тој момент Македонија имала 26 мајстори масони, што е повеќе од минималниот број за да се основа ложа. Други податоци кажуваат дека масонското светло во Македнија е запалено под закрила на Голема ложа на Англија во 2000 година во Скопје.
Но првата официјална Голема ложа на Македонија е формирана по последниот Годишен конгрес на светските масони, а тоа се случи на 1 октомври 2005 година.
Мистеријата е секогаш присутна кога е во прашање масонеријата, па оттаму само се претпоставува дека идејата за формирање Голема ложа во Македонија започнува со осамостојувањето на земјата. Случајно или не, веднаш по основањето на Големата ложа, Македонија доби статус членка-кандидат за Европската унија.
Овие податоци се изнесени во книгата “Масони” што наскоро ќе излезе од печат,во издание на “Култура”. Книгата е поделена во повеќе глави во кои од светски автори е разработена масонеријата, а има и посебен дел “Македонскиот масонски јазол” чиј автор е Симе Алушевски, новинар од Битола.
За масонеријата се вели дека е најголемата мистерија и мистификација на човештвото. Таа е најбогатата, најтајната и најмоќната сила на светот која верува дека тој ред е прекрасен систем на морал, вредности, хуманост, пожртвуваност и милосрдие. Истовремено, има исто толку тврдења дека масонеријата има уривачка мисија со цел создвање нов светски поредок за управување со него.
А каде е Македонија во светот на масоните? Освен Александар Македонски или можеби богомилите, кои беа македонските масони некогаш и кои се сега?
За време на отоманското владеење на Решид Паша голем везир и масон, во Монастир или Битола дошол новиот митрополит Григорие и во чудни околности било дозволено да се прошири, тогаш малата црква “Св. Димитрија”. Во конзерваторско-реставраторските зафати во 2004/05 година на црковниот таван е откриена импозантна претстава на севидливото око.
И во преданијата на Марко Цепенко е најдена приказна за фармасонот Тале Алавантија, што говори дека масоните не биле непознати пред стотина, двесте години, како и за нивниот страв од овие необични, чудни луѓе, оти според раскажувањето на Цепенков “тие не биле луѓе, ами ѓаоли, да ги лажат луѓето, да жи носат во Вечна”.
Од повеќето ложи што егзистираат на Балканот во 19 век, значајна улога и тоа во Младотурската револуција, одиграла Мацедониа Рисорта (Воскресната Македонија), со седиште во Солун. Документите од Лондон кажуваат дека “Младотурското движење започнало од масонските ложи во Солун, под директна субверзија на Големиот ориент на Италија, кој подоцна имаше удел во успехот на Мустафа Кемал”.
Членови на “Воскресната Македонија” биле Мустафа Кемал Ататурк и Талат-паша, министер за внатрешни работи, учесник во движењето и други. Вистинскиот двигател на “Воскресната Македонија” бил Големиот мајстор Емануел Карасо, Евреин, адвокат од Солун.
Во тоа време Солун бил сврталиште на македонските револуционри кои го го оснавале ТМОРО. Затоа, истражувањата ги доведуваат во врска комитетот на Карасо со младотурските револуционери и тоа преку битолскиот Евреин, Рафаел Камхи. Тој бил соборец со Ѓорче Петров, Ѓорѓи Сугаре, Даме Груев! Сигурно е дека дејноста на македонските револуционери не била непозната за за солунската масонерија.
Проучувањата велат дека присуството на слободноsидарските идеи во македонското револуционерно движење е влијателно за кревањето и на Илинденското востание.
Во книгата “Масони” во делот за Македонија, од авторот Симе Алушевски има извадок од документ во кој Даме Груев ќе запише: “Мислевме да создадеме организација по образец на револуционерната организација во Бугарија, пред ослободувањето, да дејствуваме по примерот на Ботев, Левски, Банковски”. За потсетување, сите тројца, Ботев, Левски, Бенковски се евидентирани масони.
Македонците во тоа време немаат доволно развиена револуционерна свест, па блиски им се движењата во Бугарија. Но, познат е фактот што Даме Груев и Гоце Делчев во Штип отвориле и празнично уилиште каде што се држеле предавања за обединувањето на Италија, американското востание, биографии за Гарибалди и Мацини. Тоа е доказ дека Груев добро го познвал делувањето на масоните Мацини и Гарибалди, врз чие учење ќе се оствари државотворноста на многу европски народи.
Не е спорно масонството на Кирил Прличев, син на Григор Прлчев кој бил комита во четата на Дедо Стојан, делегат на ВМРО во 1896 година, секретар на организацијата кога задгранични претставници биле гоце Делчев и Ѓорче Петров, учесник во Илинденскот востание. Тој имал многу јавни функции , а се занимавал со издаваштво. Софиската ложа “Сердика” во еден напис публикуван на интернет тврди дека Даме Груев, Павел Шатев, генералот Александар Протогеров, полковникот Дарвингов, генералот Михаил Савов и други биле масони. Кога се работи за Шатев интересна е епизодата кога, по втор пат бил осуден на смрт и кога за неговиот живот, пред бугарскиот цар Борис, се заложил познатиот дипломат, ресенскиот масон Симеон Радев.
За дејноста на Даме Груев биле заинтересирани масонските ложи и на Србија за што има повеќе документи, а на едно место се вели дека тој со “Ориентални железници” во 1888 година пристигнува во Белград како еден од благородниците и питомец на друштвото “Св. Сава”, што е уште еден може доказ дека тој е припадник на слободните sидари, оти ова друштво е основано од Срби, сите масони.
Во Музејот во Битола постои и фотографија на масон фатен во објективот на Манаки . Отпрвин се знаело дека е тој Евреин од Битола снимен за време на Младотурската револуција(1908г.). Подоцна со сигурност се вели дека се работи за доктор Аврам Балабан, лекар, хирург, гинеколог. Фотографијата е интересна во поглед на лентата што ја носи д-р Балабан, која е искитена со масонски симболи-шестар, аголник, сонце, севидливо око, триаголник. Со тоа се потврдува неговата припадност кон масонеријата.
Во почетокот на 20 век во Битола, се претпоставува дека егзистирале три ложи кои биле под заштита на Големиот ориент на Франција и Големиот ориент на Италија. Во Скопје тогаш имало една ложа.
Во тоа време е формиран и Балканскиот комитет, за што удел има масонот за кој е повеќе пишувано Александар Протогеров. Тој е првиот Голем мајстор на бугарската масонка ложа, за која еден од документите вели дека е формирана во Битола во 1914 година.
Се вели дека контурите на поствоена Европа и периодот на СХС и поранешна Југославија се дел од масонската визија. Во тој дел Тито е главната фигура.
Во тогашните масонски активности, во 1925 гдина на Пелистер се изградил санаториум за лекување и рехабилитација на истоштени лица, наречен “Штампаревац”, по доктор Андрија Штампар, министер за здравство на СХС, припадник на хрватската интелектуална елита, се разбира, масон. Тој бил долгогодишен претседател на Југословенската академија на науки и уметности – ЈАЗУ, основач на светската здравствена организација!
Масонот, Михајло Пупин, еден од најголемите умови на сите времиња, научник ,активен во масонеријата на САД, со потекло од Струшко, подарува камбана со молба да е поставена на Кајмакчалан. Од непознати причини, камбаната е поставена во село Брод, Битолско. Пупин има дарувано и камбана за црквата “Св. Климент Охридски” во Охрид. Во стилот на најдобрите масонски традиции на хуманост и милосрдие, тој формирал и фонд за школување талентирани и сиромашни деца.
Ретко кој од масоните јавно кажал дека е слободен sидар. Еден од нив е охриѓанецот Стефан Доневски-Мајка. Тој раскажува колку е возбудлива церемонијата кога го примале во една од ложите, што тогаш во Берлин биле 52. “Самиот ритуал можеби изгледа мистично, инфантилно, за некого дури и смешно, но тоа е чин што од создавањето на масонските правила, 250 години , не се менува.”
Мистеријата на масонеријата во Македонија останува, па така и имињата на актуелните масони остануваат тајна.
извор Вест 2006

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *