Лоза

Свети Јован Богослов

Во почетокот беше Словото, и словото беше во Бога, и Бог беше словото.

  Тоа во почетокот беше во Бога.

   Сè стана преку Него и без Него ништо не стана, што стана.

  4 Во Него имаше живот и животот им беше светлина на луѓето.

  5 И светлината во темнина светли, и мракот не ја опфати.

  6 Имаше еден човек по име Јован, пратен од Бога;

  7 тој дојде за сведоштво, да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него.

  8 Тој не беше Светлина, туку да сведочи за Светлината.

  9 Постоеше вистинска Светлина, Која го осветлува секој човек, што доаѓа во светов.

10 Во светот беше и светот преку Него стана, но светот не Го позна.

11 Дојде при своите и Своите не Го примија.

12 А на сите што Го примија – на сите што веруваа во Нговото име – им даде можност да станат синови Божји:

13 кои не од крв, ни од похот машка, а од Бога се родија.

14 И словото стана тело и се всели во нас, полно со влагодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Еднороден од Отецот.

15 Јован сведочеше за Него и велеше зборувајќи: “Овој е за Кого реков: Оној , Кој иде по мене, ме испревари, оти постоеше порано од мене!”

16 И од неговата полнота ние сите примивме благодат врз благодат;

17 зашто законот беше даден преку Мојсеја, а благодатта и вистината произлегоа од Исуса Христа.

18 Бога никогаш никој не Го видел; Единородниот Син, Кој е во крилото на Отецот – Он го објави.

19 И тоа е сведоштвото на Јована, кога Јудејците испратија од Ерусалим свештеници и левити за да го прашаат: “Кој си ти?”

20 Тој призна и не одрече, а објави: “Не сум јас Христос.”

21 И Го прашаа: “А кој си? Илија ли си ти?” Одговори: “Не сум.” “Пророк ли си?” И одговори: “Не.”

22 А тие му рекоа: “Па кој си, за да можеме да им одговориме на оние, што не испратија; што велиш за себе?”

23 Тој рече: “Јас сум глас на оној што вика во пустињата: израмнете го патот на Господа,” како што вели пророкот Исаија.

24 А пратените беа од фарисеите;

25 и го прашаа, велејќи: “Зошто тогаш краштаваш, кога не си Христос, ни Илија, ниту пророк?”

26 Јован им одговори и рече: “Јас крштавам со вода, но меѓу вас стои Еден, Кого не го познавате.

27 Он е Оној што иде по мене, Кој беше пред Мене, и Кому јас не сум му достоен да Му ги одврзам ремењата од обувките Негови.”

28 Ова се случи во Витавара, отаде Јордан, каде што крштеваше Јован.

29 На другиот ден, Го виде Јован Исуса како доаѓа при него и рече: “Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите не светот врз Себе!

30 Овој е, за Кого реков: по мене иде Човек, Кој пред Мене беше, оти постоеше порано од мене.

31 Јас не го познавав, но дојдов да крштавам со вода, за да биде Он објавен на Израилот.”

32 И сведочеше Јован, велејќи: “Го видов Духот да слегува од небото како гулаб и остана над Него.

33 Јас не го познавав, но Оној, што ме прати да крштавам со вода, ми рече: ‘Врз Кого видиш да слегува Духот и да останува над Него, Тој е, Кој ќе крштава со Дух Свети.’

34 И јас видов и посведочив, дека е Овој Син Божји.”

35 А на другиот ден, пак, стоеше Јован и двајца негови ученици.

36 И штом го виде Исуса да врви, рече: “Еве го Јагнето Божјо!”

37 Кога ги чуја од него тие зборови, обата ученика отидоа по Исуса.

38 А Исус, кога се сврти и виде дека одат по Него, им рече: “Што барате?” Тие му одговорија: “Рави, (што значи – Учителе): “каде живееш?”

39 Им рече: “Дојдете и видете!” Тие отидоа и видоа каде живее; и останаа тој ден при Него. Беше околу десетиот час.

40 А еден од двајцата, што беа чуле за Исуса и беа тргнале по Него, беше Андреј, братот на Симона Петра.

41 Тој прв го најде брата си Симона и му рече: “Го најдовме Месија, кое значи: Христос!”

42 И го одведе при Исуса. а Исус, кога го погледа, му рече: “Ти си Симон, син Јонин; ти ќе се наречеш Кифа,што значи: Петар – камен.”

43 На другиот ден Исус намисли да отиде во Галилеја и го најде Филипа, па му рече: “Врви по Мене!”

44 И Филип беше од Витсаида, од градот на Андреја и Петра.

45 Филип го најде Натанаила и му рече: “Го најдовме Исуса, синот Јосифов од Назарет, за Кого пишуваше Мојсеј во Законот, и Пророците!”

46 А Натанаил му рече: “Може ли нешто добро да излезе од Назарет?” Филип му одговори: “Дојди и види!”

47 Исус, пак, кога го виде Натанаила да иде при Него, рече: “Еве вистински Израилец, во кого нема лукавство.”

48 Натанаил Му рече: “Од каде ме познаваш?” Исус му одговори и рече: “Уште пред да те повика Филип, кога беше под смоквата, Јас те видов,”

49 Му одговори Натанаил и рече: “Рави! Ти си Царот Израилев!”

50 А Исус, одговорајќи, му кажа: “Веруваш, оти реков дека те видов под смоквата; ќе видиш повеќе од ова.”

51 И пак рече: “Вистина, вистина ви велам: отсега ќе го гледате небото отворено и ангелите Божји како се качуваат и слегуваат над Синот Човечки.”

Евангелие според Јован

глава 1

 

Син на рибарот Заведеј и на Саломија, ќерка на праведниот Јосиф. Повикан од Господ Исус, Јован веднаш го остави татка си и мрежите рибарски и заедно со својот брат Јаков тргна по Христа. И оттогаш повеќе не се одвојуваше од својот Господ до самиот крај. Со Петар и Јаков присуствуваше при воскреснувањето на Јаировата ќерка и на Перображението на Господ на Тавор. На Тајната Вечера ја положи главата на градите Исусови. Кога сите други го оставија распнатиот Господ, Јован заедно со Богородица остана под Крстот. На заповед од Господ тој потоа ѝ беше како син на Пресветата Дева и грижливо Ѝ служеше и Ја чуваше сѐ до Нејзиното успение. По успението на Пресвета Богородица Свети Јован отиде заедно со својот ученик Прохор да го проповеда Евангелието во Мала Азија. Најмногу се бавеше и дејствуваше во Ефес. Со својата вдахновена проповед и со своето чудотворство мнозина ги обрати во христијанството и од темел го расколеба незнабоштвото. Огорчени, незнабожците го врзаа и го пратија во Рим кај царот Дометијан. Пред царот беше мачен и биен, но бидејќи не му наштети ни најлутиот отров што му го дадоа да го испие, ни зовриеното масло во коешто го фрлија, царот се исплаши и сметајќи го за бесмртен го испрати на прогонство на островот Патмос. На тој остров Свети Јован мнозина ги обрати во христијанството со зборови и чуда и добро ја утврди Црквата Божја. Овде го напиша своето Евангелие и Откровението. Во времето на царот Нерва, којшто им даде слобода на сите заробени, Јован повторно се упати во Ефес, каде што проживеа извесно време утврдувајќи го таму своето порано започнато дело. Имаше над сто години кога се престави кај Господ. Кога потоа учениците му го отворија гробот, не го најдоа неговото тело, но секоја година на 8 мај од гробот исходеше некој ситен прав, миризлив и лековит. По долгиот многутруден и многуплоден живот на земјата, овој возљубен ученик на Христос и столб на Црквата, се пресели во бесмртната и мирна радост на својот Господ.

  1 А јас застанав на песокта од морскиот брег. И видов Ѕвер, како излегува од морето, кој имаше десет рогови и седум глави, а на неговите рогови десет круни и на неговите глави богохулни имиња.

  2 И Ѕверот, што го видов, беше како леопард, и нозете му беа како на мечка, а устата како на лав. И змевот му ја даде својата сила, и својот престол, и голема власт

  3 И видов една од неговите глави, како да е смртно ранета, но неговата смртоносна рана беше исцелена. И се зачуди сета земја и тргна по Ѕверот,

  4 и му се поклонија на змевот, што му даде власт на Ѕверот, му се поклонија и на Ѕверот, велејќи: „Кој му е еднаков на Ѕверот, и кој може да војува против него?”

  5 И му се даде уста, која зборува големи зборови и богохулства, и му се даде власт да прави така четириесет и два месеца.

  6 И ја отвори својата уста да хули против Бога, да го похули Неговото име, и Неговиот Шатор, и оние, кои живеат во небото.

  7 И му се даде да завојува против светите и да ги победи, и му се даде власт над секое племе и народ и јазик и народност.

  8 И ќе му се поклонат сите, кои живеат на земјата, чии имња не се запишани во Книгата на Животот на Јагнето, заклано од создавањето на светот.

  9 Кој има уво, нека чуе.

10 Кој води во ропство, и самиот ќе биде одведен во ропство; кој убива со меч, и самиот треба да загине од меч. Тука е трпението и верата на светите.

11 И видов друг ѕвер, како излегува од земјата, и имаше два рога, како кај јагне, а зборуваше како змев.

12 И тој ја вршеше власта на првиот Ѕвер, пред него, и направи земјата и нејзините жители да му се поклонуваат на првиот Ѕвер, чија смртоносна рана беше залечена.

13 И правеше големи чуда, така што и оган симнуваше од небото на земјата пред луѓето.

14 Тој ги заведуваше жителите на земјата со чудата, што му беа дадени да ги прави пред Ѕверот, велејќи им на жителите на земјата, да направат лик на Ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив.

15 И му беше дадено да вдахне дух во ликот на Ѕверот така што ликот на Ѕверот да прозборува, и да направи да бидат убиени оние, кои нема да се поклонат на ликот на Ѕверот.

16 И направи сите – мали и големи, богати и сиромашни, слободни и робови – да им се даде ознака на десната рака или на челото,

17 и никој да не може ниту да купи ниту да продаде, освен оној, кој има ознака: името на Ѕверот или бројот на неговото име.

18 Тука е мудроста. Кој има ум нека го пресмета бројот на Ѕверот, зашто е број на човек. а неговиот број е: шестотини шеесет и шест.

Откровение на Јован

глава 13

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *