Си бил еден базен…некогаш одамна во Свети Николе

Во почетокот на 50-ите години од 20 век само во Свети Николе и Сарај имало базен. Тој бил направен ударнички и сложно од младите Светиниколчани. Водата од реката по бука влегувала преку каскади во базенот. Базенот не се користел многу време поради недостатокот на вода. Денес е рушевина. Свети Николе денес нема јавен базен за капење.