.
Васил Христов Чакаларов е македонски револуционер, еден од главните војводи на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација во Костурско. Нарекуван “главниот непријател на Хеленизмот” од дејците на грчката вооружена пропаганда во Македонија, поради тоа што се јавува како нејзин главен непријател во југозападна Македонија.
Рани години
Васил Чакаларов е роден во 1874 година во Костурското село Смрдеш, тогаш во Отоманската империја, денес Кристалопиги, Грција. Најпрво студирал во грчко основно училиште, а на негово инсистирање татко му го префрла да учи во бугарско училиште. Дипломирал на четвртото одделение и паралелно работи со својот татко, на печалба во Грција. Hаучил да го зборува и албанскиот јазик.
Во 1894 година за кратко е во Костурскот затвор, од кој успешно бега во Бугарија. Таму работи како чевлар, каменоделкач и зидар, а при неговиот престој во Шумен завршува Вечерна гимназија.
Учество во ВМОРО
Во 1901 година Васил Чакаларов оди во Софија, каде станува претседател на Костурско добротворни друштво. Зема учество во легалната активност на ВМК и станува близок пријател на Борис Сарафов. Помага и револуционерната дејност на ВМОРО и заедно со Лазар Киселинчев создава канали за купување на оружје од Грција. По откритија на Иванчовата афера Васил Чекаларов е испратен од Битолскиот окружен револуционерен комитет да помогне во работата на Панде Кляшев и Лазар Москов во Костурско револуционерен реон. Чакаларов го убива грчкиот шпион гркоман Цеман од село Д’мбени.
Интересно е тоа кога бил во Грција да купува оружје за организацијата грците не сакале да продаваат оружје на македонци па затоа Чакаларов се послужил со итрост и го искористил знаењето на албанскиот јазик за купување на пушки, па се преправал како албанец.
На почетокот на 1902 година Гоце Делчев ја посетува Костурската област и ги поставува претставниците на ВМОРО на регионот :
– Кузман Стефов,
– Лазар Поп Трајков,
– Лазар Москов,
– Панде Кљашев и
– Михаил Николов,
додека Васил Чакаларов продолжува да се занимава со купување на оружје од Грција. На собрание организацијата го осудува Коте Христов на смрт поради арамилак . Чакаларов инсистира веднаш да се исполни пресудата но Коте е помилуван од Гоце Делчев. Потоа Чакаларов ја регулира последната испораката на оружје од Грција, со што завршува основното вооружување на Костурско и Леринско.
Во август Соединетите костурски чети, на чело со Васил Чакаларов, се борат со четата на Коте Христов во село Ошима. Во почетокот на септември Васил Чакаларов и раководното тело го спречува полковник Анастас Јанков и Коте Христов да подигнат предвремено востание во костурскиот регион по идеја на ВМОК.
За зимата Васил Чакаларов ги распределува четниците по селата во регионот, а тој организира фабрика за правење на бомби во c.Смрдеш. На 29 декември Чекаларов се наоѓа во Лобаница и пишува во неговиот дневникот:
‘ ” И покрај тоа што бевме рекле да бидеме тајни, сите дознааа за нас дури и гкоманскиот поп Герман кој побара цредба со нас. Му дозволифме средба. Овој брат до таму се погрчил, што почна да ни зборува една македонска две гчки. Мy го поставивме прашањето од која народност бил, ма тој се помачи на сите да ни докаже дека ние сме Грци!,…Ние не сакавме да влегуваме во повеќе расправии со него и затоа го оставивме.”
На 20 март Чакаларов се среќава со четата на Борис Сарафов. На 28 март се под опсада од турски аскер во Смрдеш, но со поддршка на селските чети од регионот се извлекуваат од заседатa. Во средината на април пристигнуваат во Смилево, Битолско, за претстојниот конгрес. На него Васил Чакаларов и Панде Кљaшев го претставуваат костурскиот револуционерен реон.
– Чакаларов на конгресот бил еден од нај убедените за подигање на востание против османлиите ….
На 24 април во Златари, Ресенско, Васил Чеакаларов, Панде Кљашев, Иван Попов и Митре Влао се судираат во борба со турскиот аскер. Во подготовките за востанието собира пушки и куршуми од селата Смрдеш, Косинец, Д’мбени, Турие и Кономлади и ги праќа во Статица.
На 7 мај Васил Чакаларов дознава дека родното село Смрдеш е изгорено од турската армија. На 31 мај 1903 година 1.000 војници турски аскер го опколуваат селото Д’мбени, четата на Лазар Поп Трајков го заема врвот Винри на Д’мбенската Планина, на помош и доаѓа четата на Дичо Антонов, којашто го зазема врвот Локвата и ги напаѓаат Турците в грб. Борбата продолжува долго, како поддршка на нив пристигнуваат и четите на Васил Чекаларов, Панде Кљашев и Митре Влао.
За време на востанието
На 20 јули се дига Илинденското востание во Костурско со околу 2000 востаници. Уште на 23 јули е заземено градчето Клисура. На 28 јули четите на Лазар Поп Трајков и Васил Чaкаларов се борат со турскиот аскер, а на 29 во планините до Д’мбени ја одбиваат турска армиja за 6 часа, која се повлекува во Костур.
На 12 август по голема борба, предводена од Чaкаларов, го заземаат градчето Невеска, но четниците го напуштаат веднаш потоа. После многу борби на 27 август е донесено решение за повлекување на четите од Костурско, за да го зачуваат мирното население од 15 илјаден аскер во областа. Во екот на востанието Чекаларов е иницијатор за составување на мемоар во име на костурскитe претставници за турските зверства во Костурско. Откако мемоарот е подготвен на 30 август е доделен на странските дипломати во Битола.
Соединетите костурски чети на војводите Васил Чакаларов, Лазар Поп Трајков, Иван Попов, Пандо Кљашев, Никола Андреев и Манол Розов после заземањето на Клисура 1903
Во дневникот на Чакаларов мошне интересно е едно писмо што тој му го пишува на својот пријател Лазар Киселинчев, во кое ги пренесува разочарувањата на костурските востаници по трагичниот крај на востанието и нецелосното вклучување на сите реони во борбите за слобода. Повлекувајќи се под притисокот на турскиот аскер, тие ќе стасаат во Мариово, каде што ќе видат поинаква слика од таа што ја очекувале.
„Може со сигурност да се каже дека оттаму Леринско немало никакво востание, таму дури сега се агитирало и покрстувало. Четите таму се движат скришно и апсолутно никаков напад не презеле, ниту имаат намера да сторат нешто. Четите, па и селаните, ги одбегнуваат средбите со костурските чети за да не си навлечат некоја опасност. Исто е и во Прилепско, таму нема никакво востание, ниту еден од Турците нема некаде повреден. Прилепскиот раководител Петар Ацев бил многу лут, затоа што костурчани направиле толку шумно востание и воопшто зошто востанале“, пишува Чакаларов до својот пријател.
Пренесувајќи ги кажувањата на еден војвода, Чакаларов нагласува дека во Мариовско бил и Ѓорче Петров со една чета, но систематски избегнувал да се сретне со костурските востаници. „Со него бил и Пере Тошев. И двајцата го осудувале штабот, зашто побрзал да го крене востанието толку брзо. Тие се криеле по едни непроодни планини и не преземале никакви дејства за да не им се нарушело спокојството, дури избегнаа и да се сретнат со нас. Од тоа нашите момчиња најмногу се разочараа штом видоа дека натаму нема никакво востание. Во Воденско дури ниту чета, Солунско исто така, само во Одринско се слушаат ѓурултии и сето тоа придонесе нашите да паднат во очај и да паднат со дух, а за тоа придонесе нивната голотија. На сите востаници облеките им се распарталени, до еден се боси, без опинци, додај ја кон тоа и гладта и очајот е целосен“, пишува Чакаларов до својот пријател.
Драмата што тогаш ја доживувале костурчани ќе ја пренесе во своите спомени и Ѓорче Петров, кој во тоа време со својата чета се наоѓал во овој крај. Тој притоа ќе признае дека тие биле вистински херои во споредба со прилепските четници:
„Ми оставија грд впечаток, сите беа искинати, голи и боси како Цигани, насекаде прогонувани од војската, изгладнети како волци. Но, во споредба со прилепските четници, предизвикаа восхит кај нас. Тие беа херои во споредба со нашите баби“,
напиша Ѓорче Петров.
Пошироката македонска јавност сигурно не знае дека за време на Илинденското востание, покрај Крушево, беа ослободени уште два града и двата во Егејскиот дел на Македонија – Клисура во Костурско и Невеска во Леринско. Клисура паднала многу лесно. Вечерта на 5 август околу 600 востаници го нападнале градот кој бил бранет од 300 војници. По неколкучасовна борба, на чело со војводите Васил Чакаларов, Пандо Кљашев и Иван Попов, востаниците влегле во ослободеното гратче со песна и развиорени знамиња. Сето население излегло да ги пречека, а војводите на присутните им одржале говор и им ги објаснувале целите на востанието и на борбата што ја водат. Клисура била слободна дури 22 дена, од 5 до 27 август. Во своите спомени војводата Иван Попов раскажува дека луѓето од околните села тие денови доаѓале на пазар во градот. „До 14 август (стар стил – н.б.) бевме целосни господари на Клисура, дење и ноќе се свиреше, пееше, се виореа знамиња“, раскажува тој. На 25 август била ослободена и Невеска. Во Невеска турскиот аскер имал околу 300-400 војници, меѓутоа нападнат од востаниците се повлекол, користејќи ја ноќта. Ослободувањето на ова градче било изведено со заедничка акција на костурските и леринските чети.
Војводата Васил Чакаларов е еден од најголемите легенди од Илинденското востание во кое ја раководел најголемата чета од 2.000 востаници. Бил близок соработник и пријател на Гоце Делчев. Учествувал на Смилевскиот конгрес.
ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА КЛИСУРА
3а почетокот на Востанието костурските раководители ја добиле со задоцнување, на 20 јули, денот одреден за неговиот почеток. На тој ден, најголем дел од реонските раководители, војводи и чети се наоѓале северно од градот Костур, во околината на с.Дреновени. По почетната весела и еуфорична атмосфера, која, поради добрата вест, владеела меѓу вооружените востаници, костурските организациони првенци се зафатиле со давање на општите инструкции, планови и насоки за што поуспешно водење на востаничките акции. Потоа, уште истиот ден, откако извршиле делумна мобилизација на селаните од околните села, востаниците се приближиле до градот Костур, стационирајќи се во с.Апоскеп. Целата биал да се изврши диверзија и напад на Костур. Сепак, поради објективни причини, планот не успеал. Акцијата пропаднала поради доцнењето на писмото од ГШ, кое, според Иван Попов, „доколку го добиевме навреме и бевме распоредени според планот, сигурно ќе го заземевме Костур, во кој имаше до 800 војници“. Додека, според Хрсисто Силјанов, причината за неуспехот била „раздвижувањето на аскерот“, кој логорувал во шатори на крајот од градот, при што, „го осуетиле влегувањето на четниците… и го принуди раководството да го смени планот“. Единствено, таа вечер, успешно било завршено со прекинувањето на електричната мрежа и телеграфските врски на градот Костур со околните места.
Како и да е, дел од востаничките сили, уште додека се наоѓале во с.Апсокеп, биле распоредени низ разни делови од Корештата и Пополе, со цел да го направат потребното мобилизирање на луѓе, но и соодветно да го подготват теренот за вооружени акции. На 20 јули четата на Митре Влашето се стационирала во с.Кономлади, Манол Розов се упатил кон с.Загоричани, додека Пандо Кљашев со својата чета заминале кон с.Блаца. Наредниот ден, по неуспешниот обид за напад на Костур, Лазар Поп Трајков се упатил за с.Д’мбени, Васил Чакаларов кон с.Шестеово, а во с.Вишени заминал Иван Попов. Првиот судир меѓу востаниците и османлиската војска, која била стационирана во с.Вишени и броела околу 100 војници, се случил на 21 јули, по кој Турците го напуштиле селото и се повлекле во Костур. Целта на костурското раководство во првите акции биле селските гарнизони, кои биле стационирани во поголемите села во околијата. Освен судирот во с.Вишени, војската од останатите села успешно се повлекла во Костур, на тој начин избегнувајќи ја вооружената конфронтација со, во тој период, помоќниот противник.
Нападот на Клисура се случил на 23 јули 1903 година. Претходно, еден ден порано, на своја рака и без координација со останатите раководители, мокренскиот војвода, Никола Андреев, со својата чета извршил напад на Клисура, поради доброто утврдување, но и помногубројниот непријател, оваа акција завршила неславно. Додека траел овој судир, костурските раководители и востаници започнале да се собираат на месноста Врбица над с.Загоричани. Наредниот ден, на 23 јули, откако дознале дека војската го има напуштено селото и со цел да го вклучат населението во востанието, Чакаларов и Кљашев „со знамето и со една дружина од околу 60 души слеговме во Загоричани“. Додека последните се наоѓале во Загоричани, Иван Попов со неколку чети стационирани кај месноста Врбица и во с.Бобишта, кое се наоѓа на пола пат меѓу Загоричани и Клусура. Првобитниот план, спред Иван Попов, бил, откако ќе се дигнат на востание с.Загоричани и Бобишта, да се нападне Клисура од две страни. Но, додека востаниците се распоредувале на предвидените позиции, османлиската војска од Клисура ги забележала, при што зеземала борбени позиции на крајот од градот. Исто така, во исто време била забележана војска, која се приближувала кон Клисура од правец на градот Кајлари. Во согласност со ново настанатата ситуација, војводата Иван Попов напрвил ново прераспределување на востаничките сили. На постојните позиции, четата од с.Шестеово, требало да ја задржи османлиската војска од градот Клисура, додека други две чети биле постевени на позиции, лево и десно, на патот по која се движела војската од Кајалри, кон која директно се упатил Попов со својата чета. Востаниците, поради подобрите позиции, успеале да ја поразат кајларската војска и да ја принудат на панично бегство, при што успеале да присвојат поголемо количество на воен и санитетски материјал и прехранбени продукти. После оваа битка востаниците, кои учествувале во истата, се упатиле кон позициите на своите соборци, кои веќе се бореле со војската од Клисура. Во меѓувреме, Попов ги известил Чакаларов и Кљашев, кои се уште се наоѓале во Загоричани, да се упатат кон градот од страна на Которската планина и да ја нападнат војската од задгрб. Нјапрвин кон Клисура се упатил Манол Розов со 150 четници, но после второто писмо на Попов, во кое нагласил дека било потребно сите вооружени сили да се упатат кон градот, Чакаларов и Кљашев со 250-300 востаници се упатиле кон Которската планина од страна на с.Куманичево. Додека востаниците предводени од Чакаларов се приближувале кон позициите, битката на другата страна од градот веќе била разгорена. Попов, заедно со своите чети, војувал 4 часа со клисурската војска. Појавата на новите востанички сили ги изненадило Турците и после краток судир биле принудени да ги напуштат позициите надвор од градот. Групата која настапувала од с.Куманичево, после протерувањето на османлиската војска која се наоѓала над Клисура, направила ново распроредување. Дел од востаниците останале на претходните позиции на војската како заштита од евентулен контраудар од страна на Турците, додека останатите, од неколку правци, започнале да навлегуваат во градот. Останата, помногубројна, војска која се наоѓала во Клисура, откако, според Чакаларов, „видоа дека момчињата настапуваат без запирање и со викови ’ура’“, почнале панично да го напуштаат градот. Македонските востаници, после овој напад, се стационаирале на влезот на Клисура, кај црквата св.Илија, по што биле направени потребните распоредувања околу градот. Тука пристигнале, во воен ред и со песна, четите предводени од Попов, кој споменува дека биле љубезно пречекани од влашкото население со извиците „ула“. Власите не можеле да изговорат „ура“. Непречени од никого востаниците влегле во Клисура, според Чакаларов, најпрвин тоа го направиле раководителите со 15-20 луѓе, а потоа и останатите четници, додека, според Попов, во градот влегле сите востаници.
За бројот на востаниците кои учествувале во акциите за ослободување на градот Клисура постојат различни податоци. Христо Силјанов, во книгата „Ослободителните борби на Македонија“, том 2, навел бројка од над 600 востаници, додека Иван Попов, во спомените, кажува дека во завршните акции имало околу 800 луѓе.Во секој случај, користејќи ги споредбените извори и расположливи материјали, можеме да заклучиме дека бројот на востаниците кои учествувале во ослободувањето на Клисура се движел околу 600 луѓе. Бројката која ја изнел Попов, се должела, најверојатно, на вкупниот број на востаници кои наредниот ден се собрале во градот. На 24 јули во Клисура пристигнал мокренскиот војвода Никола Андреев со, околу, 150 луѓе, кои по претходно неуспешниот напад на градот, во мали групи, се повлекле во околните места. Исто така, истиот ден пристигнале и селските чети од с.В’мбел и Куманичево.
Како и да е, во ослободена Клисура, најпрвин, раководителите Чакаларов и Кљашев и војводата Попов, оддржале говор пред насобраното население, на кое, на грчки јазик им преведувал Кузо Попдинев. Целта и идеологијата на МРО, како и во многу претходни случаеви во костурската околија, била на најдобар начин преставена од нејзините водачи, без оглед на етничката разлика меѓу македонските востаници и влашкото население од градот. Говорите биле во насока на поттикнување на сите христијански народи во борбата за единствената цел, автономија на Македонија, а воедно ги поканиле клисурчани активно да се вклучат во востаничките акции.
За секој случај, како мерка на претпазливост, организационите првенци, вечерта на 23 јули, на сите стратешки места и височинки над Клисура поставиле стража, очекувајќи контраудар од страна на османлиската војска. Сепак, такво нешто не се случило.
Во Клисура, покрај гарнизот од околу 300 војници, било сместено седиштето на мудурлукот. Мудирот, по кажувања на клисурчани, побегнал уште додека траела акцијата за ослободување на градот. Нредниот ден, 24 јули, востаничкото раководство, со 15-20 востаници, се упатило кон управната зграда, каде ја запалиле целокупната архива, а воедно присвоиле неколку пушки „Гра“ и 4 коњи, кои востаниците им ги подариле на раководителите. Потоа, како што забележал и Чакаларов во својот дневник, биле направени неколку фотографии, преку кои било овековечено ослободувањето на градот. На првата фотографија биле: „јас [Чакаларов], Кљашев, Розов и Николов, друга поза јас и Кљашев качени на коњи, па, по желба на фотографот, јас сам качен на коњ“. Постои уште една фотографија, која во својот дневник не ја споменал Чакаларов, а се однесува на заедничкото фотографирање на костурското раководство со сите востаници кои учествувале во ослободувањето на градот. Откако востаниците се снабдиле со потребните намирници, после 30 часовно присуство во Клисура, го напуштиле градот и се упатиле кон Врбица, каде биле направени неопходните распоредувања за идните акции.
Според расположливите историски извори, ослободувањето, како и 23 дневниот слободен живот, влашкото население на Клисура го дочекало со радост. Како и за повеќето етнички групи кои тогаш постоеле во Македонија, така и за влашката, македонските востаници биле нивните ослободители од неколку вековната османлиска доминација, нивната солидарност и восхит кон ослободителите „не можеле да бидат поматени од… грчката пропаганда против македонското движење, ниту пак од турската“. Војводата Попов во својте спомени забележал дека тие и селаните од околните села, кога и да посакале, оделе на пазар во Клисура, како во свој град и дека до „14 август бевме полни господари, дење и ноќе трубевме, пеевме, знамињата се вееја, кои се гледаа до Костур“. За жал, од достапните извори не може да потврди дали во градот се формирало нова востаничка власт.
Како и да е, слободниот живот на граѓаните на Клисура и околните села траел до 14 август. На тој ден започнала големата османлиска офанзива против востаничките упоришта во костурската околија. Македонските востаници после постојаната иницијатива и напади на турските стратешки позиции, по овој датум преминале во дефанзива, избегнувајќи ги, доколку за тоа постоеле услови, во најголем број судирите за надмоќниот противник.
Во секој случај, ослободувањето на Клисура ќе прерасне во мит и симбол на херојската борба на македонскиот народ во Илинденската епопеја. Вековниот стремеж за слобода и сопствена држава, пресликани преку овој настан и сличните на овој, ќе бидат постојан поттик за идните поколенија, врежани во колективната меморија, која, се подразбира, треба соодветно не се негува и оддржува меѓу сите идни генерации на Македонци.
Сведоштво за овој настанан можеме да сретнеме во писмо на грчкиот учител од Клисура, кое денес се наоѓа во грчкото МНР, во досие Битола 1903. Во него било наведено: „ На 22 јули 1903 г., војводата Коле од Мокрени со 200 борци ја даде паролата за Востанието во селата околу Клисура, издигнувајќи црвено знаме кај ридот на манастирот пророк Илија. Малубројната војска која се наоѓаше во Клисура излезе да да ги прогони, но немаше да успее да ги избрка, ако непристигнеше, од Костур, војводата Вангелис со 6 борци и 18 војници. Значи благодарение на Вангелис, кој со работа во корист на нацијата и дејствуваше во подуправата на Костур, поранешен помошник на заменик управникот г-дин. Г.Колетис беше примен во служба на Владата и костурската митрополија, не само од рововите ги извади, туку и се дадоа на бегство, оставајќи 7 мртви“.Georgios Petsivas, Ioannou Karaviti, O makedonikos agon…, 899.
Васил Чакаларов предводи единица од 450 лица од Смрдешката, Д’мбенската, Косинската и Апоскепската централна чета. Водат борба на 29 август во Апоскеп и во близина на градот Костур. Во селото Нестрам на 1 септември ги казнуваат предавниците и разбиваат мала турска воена единица. Потоа одат во Касторија во чистење на областа од албанските и турски разбојници и за тоа имаат симпатии од локалнато население. На крајот се враќаат во разораното Костурско, каде четите се распуштени.
Васил Чекаларов, заедно со сестра си Зоја, Панде Кљашев и Лазар Киселинчев, тајно ја поминуваат границата со Грција и од таму со брод се бегаат во Бугарија.
Во почетокот на 1904 година Васил Чакаларов заминува на лекување во Женева, Швајцарија.
На 14 март Чекаларов, Борис Сарафов и други формираат привремен комитет со цел да го замени Задграничното претставништво на ВМОРО, но во 1905 година разликите исчезнуваат и Комитетот се самораcпушта.
Во Софија, Чекаларов изградил куќа, со помош на архитект Георги Киселинчев, на улица “Шипка” против Воената академија во Софија. Живее сиромашно, но се жени за Олга, со која ја имаат ќерката Екатерина. Учествува како делегат на Ќустендилскиот конгрес на ВМОРО во 1908 година. По прогласувањето на Младотурската револуција го посетува поклонението на братската могила на загинатите револуционери од ВМОРО во Апоскеп.
Младотурската револуција го посетува поклонението на братската могила на загинатите револуционери од ВМОРО во Апоскеп
Прва Балканса војна
При избувнувањето на Балканските војни во 1912 година Васил Чекаларов е одреден за командант на партизанска чета № 4, дел од Костурско Соединети чета, заедно со чета № 5 на Иван Попов и чета № 6 на Христо Силјанов, кои се дел од Македонско-одринското ополчение . По почетокот на воените судири четата се насочува во Леринско за Костурско.
По 20 октомври зборната чета ја ослободува : Невеска, Прекопана и Загоричани и ги разоружува околните турски села и помашкото(турско) Жервени. Потоа се ослободени и селата Апоскеп, Д’мбени, Габреш и Косинец. По поразот на петтата грчка дивизија во селото Баница зборната чета на Васил Чекаларов води тешки борби со турскиот аскер и овозможува повлекување на грчките сили. Во заедничкото преземање четата се обидува да ги заштити селата од Турците.
На 29 октомври зборната четата ги помага грчките војници во заземање на Каилјари, а на 8-ми ноември разбива и заробува 600 турски војници во Писодер и Желев. Ден подоцна заробуваат уште 100 турски војници во Капешица, а на 13 ноември Обединетите чети влегуваат во Костур, каки се свечено пречекани од македонците во општинта. На 29 ноември грчките сили се се повлекуваат од областа Кореша, а Соединетaтa чета се става во заштита на населбите таму. По што е расформирована на 20 декември.
Васил Чакаларов и Иван Попов се среќаваат во Лерин со поранешниот андартски капетан, офицер од артилерија, Јоргос Цондос – Вардас од островот Крит. Васил Чaкаларов, како и многу други македонски дејци, смета дека Македонија-одринското ополчение требаше да биде испратена на фронтот во Македонија, а не во Тракија, за да не се дозволува на сојузниците Грци и Срби да окупираат македонски населени места.
Втора Балканска Војна
Во Втора балканска војна Васил Чакаларов и Иван Попов повторно организираат голема чета, која навлезе и ја нападна во тилот грчката армија.
Во средината на јуни 1913 година од Дојран за Костурско заминаа со војводи и четници, меѓу кои и Христо Цветков, Илија Димушев, Н. Иванов, Григор Џинџифилов, Дончо Лазаров, Панаиот Карамфилович, Панде Сидов и други. Одат на југоисток како авангарда на 41-и и 42-и пешадиски полкови од бугарската армија. Во Фурка на 17 јуни 160 четници уништиле српско-грчки војски, а кај селата Стојаково и Богданци 80 евзони и 1 антиполахос (подпоручик). ја ослободуваат Гевгелија и во Туши, Магленско поразуваат повторно грчки војски.
На 19 јуни Гевгелија паѓа повторно во грчки раце и поголем дел од четата се повлекува. Васил Чекаларов, Иван Попов, Козинчев, Христо Цветков и Панде Сидов и одат во Костурско. На 2-3 јули но паѓаат во заседа во Дарма, Воденско, од која Васил Чакаларов ја извлекува четата со измами.Се преправа во грчки офицер со тоа ја извлекол четата . На 4 јули во Чеган четата е предадена, а Чекаларов е повреден лесно. Четата се дели на два дела , Иван Попов и Панде Сидов заминуваат за Баница, но се соочуваат со пораз на 5 јули. Истиот ден и четата на Чекаларов е разпарчена, повреден е повторно, но достигнуваат до планината Вич на 8-ми јули. Васил Чакаларов е повреден повторно во градите во борбата со грчки војници на 9 јули 1913 година во близина на Бел камен (денес Дросопиги).
Грчкиот потполковник Михалакопулос ја опишува ситуацијта така:
” Пет-шест војници и андари се спуштивме кон паднатото тело со воинствeн повик. Тој се помести неочекувано. Најпрво се издигна со окрвавената глава, покриена со бујна убава кадрава коса и се фати за гранка од дрво да се соочи. Чакаларов навистина беше многу страшен. Но за момент, тој потрепери , падна и не мрдна веќе! (Во тоа време андарите удираат во безживотното тело на Чакаларов со нож.) Најверојатно тоа беше последнотa свест на главата и оваа опасна глава се збогува со своето тело. Капeтaн ”Х” .. со два нови удари ја отсече главата од мртвото тело.”
Отсечената глава на Васил Чакаларов е однесена од војниците во Лерин и набодена на кол и носена по улиците со повици:
” Нема Чакаларов! Нема Македонија! Го Уништија Чакаларов и заедно со него сите Чакаларовци!”
Потоа грчкиот капетан го удира со главата Илија Димушев и му наредува да ја носи на чело на процесите. Српски офицер не дозволува да продолжи и протестира пред Грците. Главата ја пренесуваат во црквата “Св Пантелејмон “, каде е погребана во гробиштата.
Дваесет и шест од четниците на Чакаларов се судени во Солун од воен суд и добиваат различни казни.