Лоза

"Ние знаеме сè што имате дома, ем поарно од тебе. Знаеш али не знаеш?"

-од Софија Тренчовска –

 СИЛЈАН ШТРКОТ

КАКО ПСИХОАНАЛИТИЧНА ПРИКАЗНА 

3

Анимата претставува плод на морална млитавост. На Силјан му е сеедно
кога го советуваат неговите родители. Силјан се разбудува во еден друг свет и
се обидува да си го растолкува. „Зар долна земја ќе бидит ова“ – си вели
Силјан. Престојот на Силјан во „долна земја“ е пред се престој во длабочините
на сопствената душа, и средба не со штрковите од татковата куќа туку со
самиот себе.
Непознатите луѓе го препознаваат, а тој се прашува од каде ли му
го знаат името. Оттука почнува трагањето по сопствената изгубена личност,
како што почнува и еден нов вид на комуникација на Силјана со луѓето.
Фантастичниот елемент преобразување (на човек во птица и обратно со помош
на чудотворната вода), го прави дејството на приказната многу динамично и
напнато. Со помош на чудотворната вода Силјан прво доживува телесна
преобразба, а потоа и духовна.
Фројдовиот принцип на апсолутно задоволство, е отсликан во личноста
на Силјан. Силјан максимално го практикувал принципот на апсолутното
задоволство, кон што тежнеат малите деца. Описите велат дека тој сака да јаде
топол сомун и локум, само слатко и благо. Но, новата ситуација го принудува
Силјан да почне да ја менува својата личност и своите лоши навики. Почнал да
работи по нивите заедно со Аџи Кљак-Кљак и повреден од него немало. Се
здобива со способност за независност и поминува низ процесите на
самовоспитување и самоконтролирање на постапките.
Владета Јеротиќ вели дека промената на идентитетот понекогаш се
случува поради принудната промена на животните околности.
Но, ако ја бараме симболиката зошто Силјан морал да се трансформира токму во штрк, во
Речникот на симболи ќе го најдеме толкувањето дека штркот е симбол на
почитување на синот кон таткото, односно симболика на синот кој ќе го гледа и
ќе го храни својот татко.
Честа е употребата на изразот: „чунки си рекол со умот оти ќе бидат
некои ѕверои“, што упатува на тоа дека во него се случуваат внатрешни
монолози на себеиспитување. И ние како читатели постојано си го поставуваме
прашањето што си го поставува јунакот: „Дали е ова сон или вистина?“
Од соништата можат да се доведат заклучоци за душевниот живот на
човекот, но тоа не се применува. Лихтенберг еднаш рекол дека суштината и
карактерот на еден човек можат многу подобро да се разберат од неговите
соништа отколку од неговите зборови и дела.
Ако го бараме јаството преку
соништата, ќе откриеме дека во соништата јаството се јавува во пресвртни
моменти кога се менува целиот начин на живеење. Самата таа промена често го
симболизира чинот на преминување преку вода. Силјан ја преминува водата
која го носи во другиот свет и повторно ја преминува водата кога воспоставува
рамнотежа со претходниот свој живот. И навистина овде границите на
реалноста и стварноста се изместени, така што целото Силјаново доживување
наликува на некој сон.
Поради непослушност и непочитување на постарите, Силјан и потомците
на Аџи Кљак-Кљак делат иста судбина. Во судбината на штрковите кои се
проколнати да ја напуштаат својата земја за да можат да се раѓаат, се
препознава личната судбина на Силјан. И тој мора да дојде во оваа непозната
земја, та да се преобрази во штрк, за повторно да се роди во нов човек. Аџи
Кљак-Кљак му станува некој вид на втор родител. Тој се претопува во животот
на групата штркови-луѓе. Неговиот помошник Аџи Кљак-Кљак му ја открива
тајната за живата вода. Таквата жива вода за духовна преобразба ја има во секој
од нас само што треба да се допре до нејзиниот извор. Силјан прифаќајќи ја
церемонијата на жртвување, го жртвува својот човечки лик за да се претвори во
штрк.
Метаморфозата се врши со помош на водата од два извора – капењето во
едниот извор ги претвора луѓето во штркови, капењето во другиот, штрковите
во луѓе. За да стаса пак во својот роден крај, Силјан се подложува на влијанието
на чудесната вода, и за да може да ја направи обратната преобразба откако ќе се
врати дома, понесува со себе шишенце од водата која треба да го врати во
човечка состојба. Но, откако ќе пристигне во родниот крај, шишенцето ќе се
скрши. Човечкото тело е заробено во тело на птица. Тој ќе биде принуден еден
дел од годината да го помине во близина на својот дом – но непрепознатлив за
своите блиски, во птичји облик. Ќе се врати пак со штрковите назад, ќе живее
пак еден дел од годината на чудниот остров и кога ќе дојде време за селење кон
неговиот роден крај ќе ја повтори постапката со чудесната вода и ќе успее: ќе се
најде во својот дом, сега во човечки облик, ќе им ја раскаже необичната
приказна на своите блиски и ќе им даде докази за нејзината вистинитост.
Несомнен е иницијацискиот карактер на Силјановото странствување. Во него
ги препознаваме сите карактеристични делови на иницијациската шема:
одделувањето од блиската и позната околина, потчинувањето на авторитетот на
новиот духовен водач, препуштањето на насилната промена на представата за
сопственото тело, минувањето низ психички и физички искушенија што
кулминираат со симболична смрт по којашто доаѓа симболично воскреснување,
дознавањето на тајната за потеклото на ритуалот, враќањето дома по
извршената реориентација на свеста…
 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *