Со целосна сигурност може да се утврди само понатамошниот пат на Гази Евренос: следното место кон кое ја насочил својата сабја била Струмица. Евлија Челебија кажува дека тој град е освоен „со акција на Гази Евренос, кој со клучевите на градот му ја пратил радосната вест на Гази Худавендигар. Веднаш потоа стигнал и самиот султан и учествувал во заземањето на градот“. Од ова гласовито место на Патописот може да се заклучи дека Гази Худавендигар бездруго му го простил на Гази Евренос преминот преку заледеното Езеро, протолкувајќи го, со оглед на среќниот исход, како небесен знак. Најпосле, не поминал Гази Евренос низ жива вода – како славниот законодавец – туку само по лед: таков подвиг Гази Худавендигар можел да им дозволи на оние свои потчинети кои не се гордееле премногу. Претпоставката дека Гази Евренос можеби се премислил и не му го спомнал на својот воен старешина сомнителниот поход преку ледот мораме да го отфрлиме, и според она што го знаеме за карактерот на освојувачот на Прасијадскиот Добер, а и со оглед на познатиот факт дека во турската војска од тоа време ништо не можело да се скрие. Зачудува, единствено, фактот што никој никаде не ги спомува бесценетите предмети што Гази Евренос прво ù ги дал на непознатата каурка, а кои таа потоа ги фрлила во Езерото. Целосната неверојатност на тој настан – еден турски командант открива тајно богатство кое веднаш го дарува на непозната девојка, за таа да го отфрли, атој да го заборави – него самиот го избришала од свеста на аскерот во толкава мерка што, очигледно, никој не си ги измокрил потуритезада го проверува. Разбирливо е, притоа, што никој не си го уморувал нијазикот спомнувајќија средбата на брегот поради кое можел да биде прогласен за улав клеветник за кој свилениот гајтан е премногу голема милост. Зачудува нешто друго: хронологијата. Гази Евренос стапнал на брегот од Прасијадското Езеро на почетокот од 1371 зима, а истото лето, според Челебија, ја освоил и Иструмиџа, наречена уште и Ајантаџа, според истоимениот мудрец. Дури ни легендата не може да каже како заради таа случка времето можело да потече назад, ниту да објасни кој тргнува на воен поход во почетокот на зимата. Можеби е создадена временска збрка за да се објаснитекот наприказната, анена саматаисторија? Познат е патот на Гази Евренос, но познат е и патот на Османовиот внук Мурат Први. Попусто Волкашин и Углеша собрале шеесет илјади војници и ги пратиле кон Одрин. Само за десет години тој град го расекол воздухот меѓу Цариград и Солун станувајќи турска столнина. Не само Волкашин и Углеша туку и сите други, Богдан кој владеал во дојранско, и браќата Деановиќи што владеале во струмичко, биле беспомошни, и набргу, ако не ги убиле, станалетурски вазали, тие и децата им. Дали во ноќта на 25 спроти 26 септември 1371 година, во долината на Марица, кај Черномен,
17
———————– Page 18———————–
„формално српските, а фактички – самостојните македонски владетели“ – како што забележува Манол Пандевски – заедно со исто таквата војска (составена од момчиња и мажи родени јужно од Шар Планина, како што сведочи Стојан Новаковиќ) биле пијани или изненадени одЛала Шахин сега може само да се претпоставува. Непобитен факт останува сотрената војска, мртвите војсководители, отворениот пат кон Долна и Горна Македонија. Никогаш во својата историја македонскиот народ не бил како тогаш пљачкосуван, убиван и раселуван, „со еден збор, уништуван“, вели Манол Пандевски. Современите извори – опишувајќи ја огнената река што течела на сите страни, палејќи пред себе сè – спомнуваат, меѓу другите страотии, болести и глад каква не се помнела од создавањето на светот. Тогаш живите ваистина им завидувале на мртвите. Исмаилчаните сераспрснале и полетеле на север како птици, колвејќи ги полјата, и не оставајќи ги ни мршите, сосема налик на онаа „најголема војска, видена во наши времиња“ што смрдела на кожи (сега, на лој) налик на „множество ѓаволи“ кои „не знаеле за Христовото име, и ù служеле… на месечината“, како што кажува Бранко Панов, цитирајќи ги старите веродостојни извори. Очигледно, она што еднаш се населувало – уништувајќи сè врз што ќе стапне – сега се раселувало. И кога Евлија Челебија во XVII век ќе го посети шехерот Ајантаџа Усту-румце, кадилакот од сто и педесет акчи (аспри), во него ќе најде лозиња, градини и бавчи „налик на рајските“, четиринаесет турски и едно еврејско маало, со „две илјади и четириесет куќи приземни и на кат“, „одтврд материјал и нанижани еднинаддруги, и ситепокриени соќерамиди рубинска боја“, шест основниучилишта, медреса, текија, многубројни џамии игробови на „чесни и почитувани шејхови“ и „големи светители (евлии) што уживаат светска слава“, дванаесет чешми. Ќе види Челебија во тој славен град и две цркви, но околу нив нема да сретне дури ни „Ермени-христијани, зашто тие оттука само поминуваат“; единствено во урнатините на „старата градба од времето на Александар Велики“, петоаголната кула на ридот, без куќи и други згради во неа самата, ќе сретне христијански овчари и козари кои преку зимата живееле таму. Старото население главно не било претопено, како во време на доселувањето на Словените, а немало ни нужда, зашто сегашниот завоевач со себе си довел достаточно свој народ. Домородците како в земи да пропаднале, наполно ги снемало (така барем изгледало). Од гледна точка на легендата, сите тие нешта изгледаат сосема неважни; освенедна: когатокму ГазиЕвреносвлеголво Струмица? Не постојат точни изворни податоци за тоа, но Серес бил заземен 1382 или дури 1383 година, а народното предание кажува дека турската сила дошла по клучкиот пат на Василие Македоноубиецот, од југоисток, низ тесниот проток меѓу планините, поради што еден од врвовите на Беласица и ден-денес го носи името Турковец. Освен тоа, последната дародавница од мајката на Деановиќите (која, загрижена за својата судбина, го „распродавала царството забрзано подарувајќи села на светогорските манастири“, како што со право забележува Манол Пандевски) била од 1381 година. Според тоа, ако војската не дошла по стариот солунски пат, туку од правец на Серез, градот бил зазамен, најверојатно, дури во 1382 или 1383, а не во 1371 година, како што тврди Челебија (во таен запис оставен во ковчегот). Впрочем, колку може да му се верува на славниот патеписец кој не само што тврди дека најчисти жени на Балканот биле Унгарките и
18
———————– Page 19———————–
Валандовките туку, меѓу другото, се осмелува да каже дека во коработ на Дедото Ное се зборувало турски? Веројатно не повеќе одошто на Сид Амет Бененџелија кој, заедно со својот писар, тврди дека берберската чинија е всушностритерски шлем. Само, ако заземањето на Струмица не се случило во 1371, туку подоцна, во 1382 или 1383 година, пред нас искрснува прашањето: што правел Гази Евренос цели дванаесет години на брегот од Езерото? На тоа прашање – толку суштествено за значењето на легендата – не е лесно да се одговори; можебине ениможно: падури нипотребно. Независно од сè, тоа останува да лебди пред очите на случајниот минувачнизтие предели, заедно соситедруги. ШтостаналосоДевојката? Ја виделли Гази Евреносуште еднашна брегот, со сонцевокосата, апак налик напривидение одводнитедлабочини? Севљубилли вонеа, со сета страстна својата опустошена душа? Возвратила ли, можеби, и таа на неговата несекојдневна љубов? Можеби, по првата средба, веднашја кренал војската, но не кон Струмица, туку назад, по веќе прејдениот пат, низ кланците на Кресна и долината на Стримон, кон Сер? Или сето тоа воопшто не се случило? Едноставно, вистинскиот историски пат од Марица до Серес траел дванаесет години, и Гази Евренос никогаш не бил на Езерото, никогаш неја превел војската преку неговиот лед, никогаш не се нуркал низ неговата девствена утроба, никогаш не ја сретнал Девојката, ниту пак таа некогаш постоела. Приказните навистина не морат да бидат лажни само затоа што се приказни. Но како да поверуваме во нив пред да оживеат? Тие немаат почеток; којможедагознаенивниоткрај?
*
Во населбата Бабјак во Струмица постоела во младоста на Кирил Водочки – не на оној што ја запомнал изградбата на црквата Света Богородица Одигитрија и ги познавал словенските светци, туку на оној што се преселил во градот – стара турска куќа што тојја купил од Гази Евренос, потомок на некогашниот истоимен бег кој го фрлил првото исламо-грчко семе во тој крај, и за кого наследнкот негов не знаел многу. Овој (нов) Гази Евренос бил осиромашен Турчин од господски род кој со преостанатите членови на некогаш бројното семејство решил да се врати во внатрешноста на царството, можеби на брегот од некое море налик на езеро, свесен дека тукашниот живот еднаш засекогаш истекува и дека набргу ќе настапат тешки, метежнигодини. Одтој човек, тивок, спокоениумен, КирилВодочки првпат и слушнал за скориот судир на четирите царства, Источното и Западното, Северното и Јужното по којшто светот повеќе нема да биде ист. Тој Гази Евренос му рекол, уште, на Кирил Водочки, дека екотот на тој судир ќе одsвонува со векови, и дека никогаш повеќе на тие простори нема да биде воспоставен однос меѓу човек и човек, а да не биде загаден со надредени претстави за верата, јазикот, народот, државата, сè до глупавото робување на sверските месни обичаи; му кажал, исто така, дека, колку утре, колку денес, народот од овие краишта, меѓу кусото лажно збратимување, меѓусебно ќе се исколе на родното огниште, што заедничкиот живот за подолго, можеби и занавек, ќе го направи пеподнослив. Ни најмалку не
19
———————– Page 20———————–
криелдекатој самиотсвеснобегаодонаштоне сакадагогледа. Кирил Водочки добро ги запомнал зборовите на мудриот Турчин, и изградбатана својатакуќанеја започнал веднаш, тукуја оставилза годината на можното братство, 1908, кога изгледало дека зборовите на Гази Евренос можебинемада сеостварат, баремневоцелост. Така настанала градбата која од нејзините потомци ќе биде запомната како старата к’шта. Зад неа, како залепен додаток сраснат за новата, бела, светла градба била оставеналетната кујна од некогашната градба која од тоа време ќе остане во сеќавањето на потомците како зад к’шти. Не е сосема јасно зошто стариотВодочки го оставилтој дел кој со времето ќе се накриви и ќе почне да им создава бугли на снаите, дали од чисто практични причини (уреден клозет, долапи, оџак) или за да не ја сотре наполно трагата на некогашниот сопственик. Од тој дел, наречензад к’шти, каде што од куќата се поминувало низ посебен влез близу кабиџикот, пенџерињата гледале кон горниот двор: напролет кон расцутената кајсија и слива, зимско време кон ретките снегулки; секој ден кон синевината на небото, секоја ноќ кон sвездениот рој што се ронкал од него како пченка и паѓал во аранијата. Подот на зад к’шти бил нареден со тврдо печена тула, а веднаш до новиот sид со стародушумé. Тоадушумé имало капак низ кого севлегувало во мала визба, арл’к илидупка, којаповремено служелакако сокровиште. Во визбата постоел дрвен сандак опточен со сребро, познат како ковчег, полн книги, за кој и стариот сопственик знаел. Кога Кирил Водочки се збогувал со него, го потсетил, меѓу другото, да си го земе и ковчегот, но овој само одмавнал; рекол дека е ионака претоварен со багаж, и додал: „Книгите нека останат таму каде што им е местото, и на оној на кого навистина му припаѓаат!“ Стариот Водочки не разбрал што стариот Гази Евренос бег со тоа сакал да мукаже, но, свикнатнатурскитедвосмислици, нерекол ништо. Книгите, всушност, биле стариракописи кои се однесувале на турското завојување на тие краишта, но зборувале и за постари настани, сè до оние врзани за животот на Александар, вклучувајќи го и вкупното легендарно време на спомените и преданијата. Ракописите биле од различни периоди, и материјатаја обработувале со вообичаениот верски пристап, не без примеси на волшепства карактеристични за народната уметност, но и со зрнца на кабалистичката наука која се негувала во тамошните еврејски заедници. Ракописите биле на турски и хебрејски; Кирил Водочки ги превел со помошта на неколку учени пријатели-трговци. Така дошле и до неговиот внук со исто име и презиме, за жал, само во мали извадоци. Оригиналите биле уништени веднаш по втората светска војна, по апсењето на Никола Водочки, таткото на Кирил Трети, од страв да не зборуваат, или сведочат, противновиотпоредок.
*
Очигледно, токму тие ракописи билеосноваиза сведоштватанаЕвлија Челебија за Иструмиџа. Меѓу ракописите, дури, останале и записи (куси сентенции) забележани со негова рака, од кои две гласеле: Времето врне напред, тече назад, и: Кон сопственото средиште; втората мисла повеќето ученија сметаат за самостојна – своевиден патоказ кон личниот axis mundi – додека според некои, таа само се надоврзува на првата, а значи дека времето се слива и однапред и одназад, наеднаш од сите страни, кон својот центар.
20
———————– Page 21———————–
Бидејќи забелешките биле напишани на маргината од историјата на Гази Евреносовиот поход кон заледеното Езеро, нема сомнение дека Челебија извесното временско несовпаѓање на датите (зарем и самиот на друго место времето не го нарекол нишалка која претегнува де на едната де на другата страна) го сметал само за технички детаљ кој не може да влијае врз настаните.1 Од записите за походот кон Езерото несомнено произлегувало дека патот на Гази Евренос водел од Черномен кон Серес, и од Кукушко кон местото на некогашната Беласичка битка, од каде што се отворала панорамата на Струмичката Котлина како цвет, но и дека истовремено тој ист Гази Евренос проживеал дванаесет години на брегот што го зазел без борба, иако со него дотогаш господарел Богдан. Оттаму дошол во новиот град и, пред да го продолжи својотпат безвраќање, ондезасновал семејство. Историјата на неговата фамилија станала дел од историјата на градот, иако вонеанигдене сеспомнувала езерскатаДевојка. Впрочем, таа прикаска не била она најважното што го содржал таинствениот ковчег: главното се однесувало на вкупното време, од исконот, и оттаму Челебија ги зел подробностите за градот, оставајќи ги настрана најинтересните епизоди, бездруго затоа што мислел дека се дело на кабалистички безбожници.
*
И според Челебија и според ковчегот – кои се повикуваат на Јанван, историчарот на светот, и на Бан, авторот на Историјата на Латините – основоположникот на „овојшехер Струмица“ бил мудрецот Ајантаџа, син на Филокс, основачот на градот Кавала, учител на Александар Велики. Тој град – кој најпрво и се викал така: Ајантаџа – бил „негово родно место, и негово дело“, тој самиот: затоа станал таков „што воопшто не е можно да се изрази и опише“, Златен Град во кој се чуваат сите спомени, но и сиот заборав. „Овој Ајантаџа бил толку мудар“ што со силата на неговото знаење Александар Македонски „допрел до Белха, Бухара, Иран, Туран и до Трансоксанија“. „Сето тоа го постигнал врз основа на доктрината, мислењето и планот на ’аристотелски мудриот’ Ајантаџа“, „зашто тој познавал разновидни науки“ и бил единствен маж кој прорекол дека Османлиите ќеја заземат Струмица, поради што над Источната Порта на тој град – „во мермер како на пара“ – исчукал натпис на турски и грчки кој ќе бидепредодницанавремето. Нокакваврскаима сетотоа соДевојката?
1 Едно местокајАјантаџа сведочидека еитоа само “немонадоврзување”. Наиме, напрашањето на Александар, можела ли историјатада биде поинаква, неговиот учител Ајантаџа му одговорил дека сè што постои реално è (мисла која подоцна ќе биде преземена од други, за да стане општопозната). Тоа заобиколно кажува дека е минатото непроменливо. Па сепак, додава тој, така е само затоа што оние што ја создаваат реалноста (која ќе стане минато) не постапуваат како поетот кој, пред да го вобличи својот стих, многупати претрчува од неговиот извор кон устието, додека државниците во многу поважни моменти просто ја пресечуваат животната нишка, “не давајќи му на времето да се преобрази и обнови”. Затоа е можно, додава тој, поетот врз урнатините на градовите – останати зад творците на историјата – да зачне нова стварност, чувајќи го исчезнатото и поврзувајќи го развеаното. Очигледно слушајќи го советот на својот древен учител, Челебија постапил како уметник кога времето го ослободил од неговите историски окови.